29 Март, 2024
0.0438

Малата Ана го победи Ковид-19 и покрај малигното заболување, нејзината насмевка ми е посебно драга: Интервју со проф.д-р. Аспазија Софијанова

Објавено во: Македонија, Интервјуа 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе се стремиме кон една поинаква реорганизација, пред сè на постигнување на поголема ефикасност на работењето во Клиниката за детски болести, со крајна цел, да постигнеме повисоки стандарди во лекувањето и третманот на најмалите пациенти, вели во денешното интервју за Фактор, директорката на Клиниката за детски болести, проф.д-р. Аспазија Софијанова. Вели дека фокусот ќе биде ставен на амбулантскиот дел, бидејќи како што посебно истакнува, од исклучителна важност се пациентите кои имаат хронични заболувања, а кои терапијата единствено може да ја примат само на Клиниката за детски болести. Како единствена здравствена установа во која се третираат ретки болести кај најмалите пациенти, проф. д-р. Софијанова со посебна гордост говори за успешноста на ова поле од медицината и за детските насмевки кои за нив се потврда дека правилно ја завршиле задачата.

По не цели четири години повторно сте на чело на Клиниката за детски болести, што увидовте дека недостасува и на што ќе го ставите акцентот како прв човек на оваа исклучитено важна здравствена институција во земјава?

Проф. д-р. Софијанова: Ова е навистина клучната клиника, место каде што се лекуваат децата и каде што е врвниот академскиот кадар од оваа област. Постојат убави детски болници и низ целата државата, но тука е академкиот кадар од каде што потекнува професионализмот во највисоката смисла на зборот и од каде што потекнуваат лекувањата на најтешко болните дечиња, а тоа е токму Клиниката за детски болести. Можеби тоа беше и една од причините заради кои сепак останав тука и покрај оној гап период кој што постоеше. Најискрено она што сепак сметам дека треба да се надополни, да не речеам да се надогради, е токму постоењето на малку поинаква организација и подигнувањето на нивото на стандардот на однесувањето и кај нас, самите здравствени работници и соработници и се разбира на она што ние треба да го дадеме кон пациентите. Се разбира, во мојот однос и прецепција и претходно и од тоа што го имам прошетано да не речам целиот свет, многу болници во светот, каде што се имам едуцирано, доедуцирано и така натаму, постојат многу болници биле модел кон кои се стремиме за да направиме малку една покрупна реорганизација. Кога велам покрупна реорганзација, сметам да ги постигнеме стандардите кои ги бараат сите оние акредитации, реакредитации на самата болница, пред се стандардди на однесување, лекување, една организација во која малку повеќе ќе има состем на еден ред на однесување, таа помалку комфортна зона ќе мора малку да се стегне. Ова е искрено, и ова е токму јас.

Иако не сте ковид центар, како работите во услови на повеќемесечната криза?

Проф. д-р. Софијанова: Ние воопшто не бевме маргинализирани во тој дел, ниту пак остануваме маргинализирани, иако официјално не сме ковид центар. Меѓутоа, со Институтот за белодробни болести кај децата – Козле, каде се лекуваат децата заболени од корона вирусот, сме во континуирана соработка. Токму пред да се случи овој наш разговор, имав една консултација за дете кое се лекува таму и ние постојано даваме совети и сугестии, разговараме за терапија, значи постојано сме во договори околу нивните лекувања. Инаку, на Клиниката за детско болести има строги протоколу и стандарди во однос на однесувањето, односно движењетона пациентите и сметам дека тоа е релативно добро организирано. Во разговор со портпаролот на Клиниката за детски болети, Марија Тасев и со луѓето од поблискиот тим, размислуваме да направиме и тука една реорганизација, која ќе се однесува на хоспитален дел , кој ќе мораме да го одвоиме и нехоспитален дел. Ургентниот центар се пренамени во така наречено одделение за прием на суспектните пациенти, ќе видиме како тоа би го реорганизирале, бидејќи сè некако стана ковид, а ние не сме ковид центар и некако сите пациенти се ставија во таа категорија, што ќе значи дека ќе мора некако да го адаптираме сето тоа и да бидеме поажурни во тој дел. Јас секој момент ги очекувам брзите тестови бидејќи сметам дека тие ќе бидат една од диференцијалните дијагностики за да не се случува пациентите да чекаат. Во таа насока сакам да истакнам дека го добивме и шаторот од Министерството за одбрана, а кој е поставен пред Клиниката. Практично таму ќе ги правиме брзите тестови со цел и приемот на пациентите да биде олеснет. Доколку излезат позитивни ќе одат во Козле веднаш, и посебно сакам да нагласам дека секогаш сум за тоа да не се двојат децата од мајките. ПОставувањето на шаторот е исклучително добра работа, би го нарекла тампон зона, која навистина многу помага. Претходно, додека бев на Одделот за интензивна нега, ако сусппектните дечиња се докажеше дека се позитивни веднаш ги праќавме во Козле, но тоа беше место каде подолго се остануваше, децата беа сами и се созадавше една атмосфера каде можеше да се случи да има и позитвно и негативно дете, тогаш факторот на ризик се зголемуваше. Значи мора да постои една поголема реорганизација, која се додека трае пандемијата ќе ја стави Клиниката во поголма функционалност. И од друг страна, треба да работат амбуланите. Во изминатиот период ни се затвори малку тој амбулантски систем, иако на секој влез мериме температура, се прави дезинфекција. Но, истовремено, мора да мислиме и на хроничните болни, што правиме со нив? Тие кои навистина имаат потреба од користење терапија која ја има ексклузивно само на клиниката. Што правиме со дечињата со ретки болести, со хроничните пациенти од типот на хематоонколошките болести каде мора да се има дополнително поголем надзор, и во краен случај мора да се прават редовните контроли кај пациентите со хронични заболувања. Практично, во претходниот период беше намален процентот на ефикасноста на работењето, што на мене како Влаинка, веднаш ми падна во очи. Сега имам една друга позиција, како менаџер мора да се грижам за профитот кој треба да дојде во Клиниката и услугите што треба да ги даде. Тоа е две работи кои некако ми недостасуваа во целата приказна.

Дали дел од вашиот медицински кадар е преземен во некои од ковид центрите во Македонија?

Проф. д-р. Софијанова: Дури и јас се понудив да го направам тоа, но, знаете како е, таа релокација на медицински кадар се прави по потреба. Имаше сестри кои отидоа во ГОБ „8 Септември“ и помогнаа навистина, како и на други места кои што се ковид-центри. Повеќе заминаа од сестринскиот персонал, и навистина ми е драго што можеме да помогнеме. Во однос на тоа дали нас во тој случај ни недостига кадар, би рекла дека ние функционираме добро бидејќи не сме ковид центар. Веќе споменав, се намали процентот на приеми и на сите други работи кои ќе се обидеме да ги реорганизираме, но генерално, кадар не ни недостига. Имавме и двајца доктори кои помогнаа во ковид кризата. Првиот замина во Центар Жупа, тој беше првиот кој прифати несебечно да помогне, а беше токму од моето одделение и отиде во Центар Жупа кога беше погласен за прв карантин во тој регион од земјава. Влезе прв во тој ковид центар и јас морам да кажам дека бев горда на него, како и на сите тие кои што прифаќаат тоа да го прават несебично. Ова ќе заврши, еве вакцините се веќе на повидок, тоа значи дека цела оваа ковид пандемија имаше еден силен почеток, трае, добро не опомена, не реструктуира, лекцијата или ќе ја научиме или не и сега сè уште сме во фаза да се доадаптираме додека конечно не заврши бидејќи крајот реално се уште не го гледаме, барем додека не дојдат вакцините. Но, барем до тогаш да ја направиме Клиниката со живост која што ѝ треба бидејќи на крајот сепак тука доаѓаат деца, а децата кога ќе дојдат на лекар, односно на педијатар, треба да бидат пречекани онака како што е неопходно.

Веќе споменавте дека не сте ковид-центар, но дали на Клиниката за детски болести има дечиња позитивни на вирусот кои се хоспитализирани практично заради некое друго сериозно заболување?

Проф. д-р. Софијанова: Да има, и тоа ни е на некој начин посебна црвена линија. Тие дечиња мора да се одвојат. Тоа се посебни одделенија, би сакала тука да го нагласам онколошкото одделение на кое и во иднина ќе обратиме посебно внимание. Во Клиниката, како што тоа го гледаме и во високо развиените центри има места кои се клучни и ударни, сè друго може да биде на второ место. Едно од тие места е онколошкото одделение, и да не заборавиме, тоа одделение е можеби и во моментот е приоритетно, заедно со одделот за интензивна нега каде што се спасуваат детските животи и кои претставуваат единствени места за лекување на посериозен тип на заболувања во државата. Затоа мораме тука да обратиме внимание, да немаме позитивни деца на вирусот, и ако се случи, посебно кај онколошките, бидејќи имунокомпромитирачкиот феномен е нагласен, заради што и тие се акцептибилни на вирусот. За нив сме максимално посветени и јас сум посебно горда, бидејќи имаме девојченце Ана која што го помина Ковид-19 иако има малигна болест. За тоа упсеваме да се избориме со сите оние најспецифични терапии, вклучувајќи и ковалесцентна плазма. Тоа се најспецифични методи на лекување на ковидот. Очекувајќи го најлоштото, ние го добивме најдоброто и нејзината насмевка ми е посебно драга.

За голем број детски насмевки – Кампања „Имам една желба“

Иако само десеттина дена сум на оваа специфична позиција во многу специфичен период, веќе разговараме со тимот да направиме кампања дури и во овие услови. „Имам една желба“ која ќе придонесе за безброј детски насмевки. Ќе ја организираме според сите протоколи и стандарди на Ковид-19, а целта е да им ги исполниме желбите на сите дечиња, кои што чекаат и очекуваат да им биде остварена желбата.. Децата никогаш до крај не го разбраа овој период на пандемија, тоа што мора да бидат затворени во одредени услови. Несваќањето од нивна страна е сосема и разбирливо, тие сите сакаат да играат и да се дружат и да се среќни со Дедо Мраз и да добијат подароци. Токму затоа и оваа година ќе направиме капањи за да можат сите кои ќе го препознаат нашето пријателство да може да ги исполнат детските желби. Оваа година нема да биде тажна за децата.  

Неодамнешната најобемна студија на Универзитетот Џон Хопкинс во соработка со нивни колеги од Индија покажува дека децата сепак се клуч во трансмисијата на вирусот иако бројно се најмалку и најлесно го поминуваат заболувањето. Што покажува вашата пракса, зошто е тоа токму така?

Проф. д-р. Софијанова: Јас сум претседател на Здружението на педијатрите и сум вклучена во групата на Интернационалните педијатриски асоцијации во светот. Токму Инидиец е генерален секретар на Интернационалната асоцијација на педијатриски здруженија. Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, пак е една неверојатна институција, место каде што не може ништо да ви се провлече туку така. Па токму и студиите се направени на група каде што статистички има огромна значајност, бидејќи во епидемиолошките анктети не е важно да се опфати една мала група која ќе даде основен извештај. Потребни се вакви големи групи кои опфаќаат стотици илјади луѓе за да се направи една издржана и сеопфатна анализа. Тие потврдуваат дека децата навистина имаат силен момент на пренесување на корона вирусот, а тие самите го поминуваат или асимптоматски или како обиечне грип. Тоа е така бидејќи рецепторите во белите дробови кај децата се недоразвиени за да го прифатат овој тип на вирус, зошто пак самиот вирус се зафаќа на специфични рецептори во горно и долно респираторниот систем. Тие се викаат АЦ-2 рецептори, кои кај децата сè уште не постојат. И тогаш вирусот нема каде да се фати за да направи сериозен проблем, односно да го наруши белодробието и да предизвика циткинска бура. Токму поради ова, децата или само го исплукуваат вирусот или го голтаат па го исфрлаат во изметот. Но, заради тоа, исплукувајќи го и искашлувајќи го, иако не се разболуваат, сепак најмногу го пренесуваат. Белите дробови се развиваат до 7 години, плус-минус уште две три години, значи до кај 9-10 години и кај нив не гледаме поголем проблем, затоа и тие деца одат во школо. Но, понатаму со пубертетот почнуваат да стануваат возрасни. Па токму затоа, доколку се заразт со вирусот може да имаат и посериозни проблеми, па дури и кај нив да настане таа цитокисна бура.

Клиниката за детски болести е единствената здравствена иснституција во Македонија каде се третираат дечиња со ретки болести, до каде напреднавме како држава на ова поле?

Проф. д-р. Софијанова: Од поодамна се создаде еден регистар за децата со ретки болести. Постои цела плејада на ретки болести која што не опфаќа само деца, туку и возрасни. Се формираше и Комисија за ретки болести, која почна навистина добро да функционира во однос на носењето на лековите за ретки болести кои морам да кажам, спасуваат животи. Со тоа на децата им се смени комплетно стилот на живеење, бидејќи тие навистина преживуваат и стануваат дел од системот во кој треба да импомогнеме, да ги адаптираме и при тоа да им најдеме соодветен лек, кој исто како и за вакцината е потребно време. Тоа се лекови кои треба да се даваат подолг временски период, дури и сега одиме и кон делот на генетската терапија, што ќе биде моја идна идеологија која сакам да ја спроведам во државата, односно да ја донесеме заедно со Министерството за здравство. Во однос на лекот Спинраза со кој се лекува спинална мускулна атрофија, државата има огромни придобивки. Слухот на здравствените власти беше огромен, особено во постоењето на деца со спинална мускулна атрофија. Посебно кога имавме случај на дете со ова заболување уште на тримсечна возраст. За тоа дете да се спаси имаше потреба од еден од овие скапи лекови кој не беше присутен во Македонија. Успеавме да се искоординираме, благодарение на ФЗОМ кој го плати претстојот, а јас бев лекарот кој го носеше детето во Клиниката „Ребро“ во Загреб каде што видовме дека откако детето ги прими првите четири ударни дози на спинраза имаше огромно подобрување. Сега, нема уште три години, ќе направи на 2.јануари, детето веќе седи, детето веќе буквално почнува да се осамостојува. Претходно, во сите случаи до шестмесечна возраст и извештаите во литературата укажуваа дека тие дечиња завршуваат најлошо. Со носењето на Спинраза во земјава им се даде шанса на тие деца. Во светот се вбројуваме, меѓу ретките држави, кои сме успеале да спасиме толку мало дете на оваа возраст, да веќе на три години седи и сигурно обидите околу неговото одење ќе бидат наша понатамошна активност. Со него, парктично се отвори, она што јас сум го гледала по светските конгреси да имаме можност и за домашни респиратори. Тоа значи дека децата кои имаат потреба од евентуално дишење дополнително, асистирано дижење, посебно во ноќните часови, исто така поради разни други ретки болести, ја имаат таа можност. Веќе имаме кај две деца таква можност, а верувам ќе успееме во соработка со компаниите кои тоа го прават и кај останатите кои имаа потреба, според итноста, едно по едно, да им овозможиме и дома да имаат респиратор. Има седум до десет дечиња во Македонија кои имаат потреба од асистирано дишење, но се уште не се стигнати до таа фаза. Тие се помали, па додека да имаат реална потреба од ова, ние практично имаме време да го обезбедиме.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата