24 Април, 2024
0.0279

МАКРОН ЗА СКОПЈЕ И ТИРАНА: Ни треба малку повеќе време за да ја завршиме работата

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа заедничка прес-конференција на која главна тема беше Брегзит.

Меркел рече дека врз основа на она што го слуша последниве денови, можно е да се очекува постигнување на договор.

Францускиот претседател, во мал дел од своето обраќање, се задржа и на ставот на Франција кон проширувањето на Европската Унија, особено коментирајќи ја положбата на Албанија и Северна Македониjа.

Тој рече дека, според негово мислење, прерано е да се започнат преговори со двете земји, иако се согласува дека тие постигнале значаен напредок во домашните реформи, пренесе „Радио слободна Европа“.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал кон лидерите на двете земји, но сериозното набљудување на нештата ме наведува да им кажам дека овој пат ни треба малку повеќе време за да ја завршиме работата“, додал Макрон.

По однос на ова прашање Меркел рекла дека постојат некои разлики, а како што е познато, потребна е едногласна одлука за започнување на преговори.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи