Макрон тврди дека плановите на Русите за Украина ќе пропаднат
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2022
Според францускиот претседател, Емануел Макрон, Русија не смее да ја добие војната во Украина.
Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат. Тој рече дека Русија има само една цел, а тоа е Украина да се предаде.
„Русија не може и не смее да ја добие војната во Украина, а санкциите ќе траат онолку колку што е потребно“, рече Макрон.
Францускиот претседател пред самитот на НАТО во Мадрид од денеска до четврток рече дека земјите-членки на алијансата мора да испратат порака за единство.
Тој кажа дека нападот на Русија врз украинскиот трговски центар е „воено злосторство“ и дека Франција ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно. Властите објавија дека во нападот врз трговски центар во централниот украински град Кременчук во понеделникот загинале 18 лица, а 36 се водат како исчезнати. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина.