16 Април, 2024
0.0285

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Корона вирусот и глобалната пандемија предизвикана од него го отежнува патувањето на сите и ги промени или одложи плановите на многумина. Но, повеќето од нас, сигурно веќе ја знаат и се подготвуваат за својата прва дестинација по целосното отворање на границите.

Доколку планирате да патувате со автомобил во некоја од земјите од регионот, без разлика дали тоа ќе биде поради бизнис-обврски или како турист, добро е да знаете некои од сообраќајните правила и прописи.

За влез во Србија, Албанија или Црна Гора не е потребен пасош и меѓународна возачка дозвола. Во согласност со билатералните договори за взаемно признавање на националните возачки дозволи и биометриски лични карти, границите може да се преминуваат само со лична карта. Сепак, доколку планирате потоа да патувате во некоја друга соседна држава, користете пасош.


Ако, пак, патувате во Грција, Бугарија, Хрватска или Словенија не е потребна виза, но освен задолжителен зелен картон потребно е да имате и меѓународна возачка дозвола.

За возење низ Италија и Шпанија, во согласност со билатералните договори, не е потребна меѓународна возачка дозвола.

Систем на патарини како кај нас има во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Грција,  додека во Словенија, Бугарија, Австрија, Унгарија и Чешка е потребна вињетка, која чини од 10 до 15 евра за една недела и може да се набави на бензинска станица.

За патување надвор од границите задолжително е зелен картон и доколку не сте сопственик на возилото, дозвола за управување на туѓо моторно возило. Патничко осигурување не е задолжително, но е разумна инвестиција, со оглед дека за околу 30 денари од ден по човек ќе добиете помош во случај на некои непредвидени здравствени ситуации. 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!