29 Март, 2024
0.1171

Макпетрол ИНФО-ПОИНТ: Совети за дезинфекција на возилата

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Коронавирусот не е шега, па затоа почитувајте ги мерките за заштита. Дезинфекцијата е клучна за спречување на ширењето на коронавирусот. Како што редовно треба да ги миеме рацете и да ги чистиме површините во домот, така е неопходно да се врши дезинфекција и на вашето возило.

Секогаш е добро да се преземаат мерки за заштита, па затоа во продолжение следуваат неколку совети за чисто и безбедно возило.

Средствата за дезинфекција на домот се сосема доволни. Користете алкохолни марамчиња или, пак, вода, крпа и обичен сапун за чистење на цврстите пластични делови на кабината. Откако ќе завршите со внатрешноста на возилото, не заборавајте да ги исчистите надворешните рачки на вратите. За да не пропуштите и да не заборавите некој дел, најдобро е додека чистите да размислувате каде би можеле најчесто да завршат капките кои се исфрлаат при зборување, кивање или кашлање. Ако често се вртите лево-десно додека возите, тогаш освен воланот и предното стакло, убаво исчистете го и возачкиот прозорец и деловите околу него, како и централниот дел меѓу предните седишта.

Не брзајте и убаво исчистете ги сите копчиња, инструмент-таблата, радиото и уредот за навигација. Секако дека не треба да се заборават ниту воланот, менувачот и контролните механизми за вентилација. За сите електрични делови и копчиња најдобро е да користите марамчиња за дезинфекција или микрофибер крпа со средство на база на алкохол.


Не заборавајте на текстилот и меките површини на седиштата и вратите, но и на делот кај нозете. Истражете од каков материјал се изработени седиштата и подот и користете средство за чистење на таков материјал. Доколку немате услови за такво нешто, секогаш добро ќе завршат работа и марамчињата за дезинфекција.

Ако имате деца, тогаш размислувајте како деца. Особено внимавајте на задниот дел од предните седишта, прозорците и рачките на вратите, едноставно, сѐ што децата би можеле да допрат. Одвојте време и за чистење на прекривките, играчките или некои предмети кои децата ги чуваат во возилото.

Откако добро ќе го исчистите возилото, не заборавајте да го задржите во таква состојба што подолго време. Користете дезинфекциски средства или марамчиња на база на алкохол во возилото. Опремете се со гел за дезинфекција на база на алкохол, ракавици и маски и редовно по секоја употреба на возилото извршете дезинфекција на сите делови што биле на дофат на рацете.

Доколку запирате или излегувате од возилото секогаш користете ракавици, кои ќе ги отстраните од рацете пред да влезете во возилото. Избегнувајте да користите ракавици за повеќе употреби, бидејќи може да станат извор на вируси и бактерии.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија