26 Април, 2024
0.0345

Македонско село со само двајца жители има 20.000 книги

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На oколината на Демир Хисар, се наоѓа селото Бабино каде има само двајца постојани жители и повеќе од 20.000 книги, во библиотеката „Ал Би“, сопственост на Стево Степановски.

Оваа библиотека, за која книги семејството на Степановски собирало повеќе од 140 години, има над 400 речници, македонски правопис, книги на различни јазици кои се донесени од Истанбул, Техеран и други места. Библиотеката датира од 1.882 година, а Степановски вели дека годишно ја посетуваат околу 3.500 туристи.

„Доаѓале туристи од многу земји за да ја видат библиотеката, телевизиски куќи од Полска, Бразил и сите биле воодушевени. Странците знаат да се восхитуваат на ова што го поседуваме. За нив се интересни насловите кои ги имаме и фондот  на книги. Имаме програма и со училишта, доаѓаат ученици да ја посетат, така што имаме посетители од сите категории. Мојот дедо донесувал книги од различни краеви, во моето семејство уште во тоа време имале поизразени културни потреби, но сето тоа треба денес да се одржува“, вели Степановски.

Во библиотечниот фонд кој брои преку 20.000 наслови и друг библиотечен материјал има  весници, списанија, публикации, географски карти, завучни записи, албуми, сепарати, ЦД ромови и друго. Во фондот на библиотеката се чува првиот број на македонскиот Правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар и првото издание на Нова Македонија печатено во с. Горно Врановци, како и повеќе наслови на книги за Македонија кои зборуваат за нејзината историја, народ, географија, картографија, хидрографија, етнографија, статистика, јазик, традиција, народно творештво, цркви, училишта, туѓи влијанија итн. Најголем број од книгите се од областа на историјата, книжевноста, психологијата, музичката уметност, лингвистиката и друго.

Македонските граѓани, издавачи, амбасади донираат книги за оваа библиотека.

Домашните туристи кои ја посетиле библиотеката велат дека е нешто единствено и уникатно.

„Библиотеката „Ал Би“ е дом паметник на едно минато, сегашно и идно време. Дом полн со книги, спомени од минатите времиња, вреден да се посети. Не постои вљубеник во книгите и воопшто во пишаниот збор кој ќе остане  рамнодушен при посетата на ова место каде се спојуваат минатото и иднината. Минатото вткаено во илјадниците книги, а иднината во богатството на книги, кои им ги остава сопственикот Стево на идните генерации. И после толку многу години како го посетувам ова место, секогаш во мене буди чувство како и првиот пат кога ја посетив, секогаш ме плени и восхитува со својата едноставна убавина, со духот кој низ неа провејува, со бесценетото богатство што го поседува оваа библиотека единствена во светот по многу нешта. Посебно фактот што се наоѓа во едно мало скоро целосно исселено село во Македонија“, вели Билјана Солунчевска, која често го посетува Бабино.

Фондацијата Рамковски во септември  2010 година на Степановски му ја додели наградата "Крсте Петков Мисирков" за животно дело. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот