20 Април, 2024
0.0261

Македонските банки неприкосновени во нето приходите од камати

Објавено во: Економија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Од приходи од камати на банките, чии акции се котирани на Официјалниот берзански пазар им остануваат до 85 отсто нето приходи. Главниот генератор на банкарските профити во македонските банки убедливо останува нејзиното класично височество кралицата камата. Другите банкарски приходни сервиси и инвестициското банкарство и понатаму се споредни активности

Најголемите три деловни банки имаат најдобар сооднос на приходи од камата и нето приходи од камата покажуваат официјалните податоци од нивните полугодишни биланси на успех објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Кај трите најголеми деловни банки нето каматата изнесува од 81,8 отсто до 85,3 отсто од приходите од камати што за половина година ги оствариле овие финансиски институции.

Најповолен сооднос меѓу приходите од камати и расходите за камати има „Стопанска банка Скопје“ која истовремено е и банката со најголеми приходи од камата како и нето приходи од камата. Кај оваа банка нето приходите учествуваат со 85,3 отсто во вкупните приходите од камати кои за првото полугодие биле 34,69 милиони евра. Големиот ривал НЛБ Банка има нето приходи кои се 84,6 отсто од приходите од камати кои биле 28,5 милиони евра. Најголемата банка во големата тројка – „Комерцијална банка“ има нето приходи од 19 милиони евра и тие се 81,8 отсто од приходите од камати. Трите најголеми банки за половина година имаат нето приходи од камати во износ од 72,7 милиони евра.

Од другите пет банки чии резултати се достапни на системот СЕИ – НЕТ: „Охридска банка“, ЦКБ Банка, „Стопанска банка Битола“, ТТК Банка и УНИ Банка се гледа дека најдобар сооднос на приходи и расходи од камати има најмалата ТТК Банка. Кај таа банка нето приход е 80,4 отсто од целиот приход од камати. Оваа банка има најмал приход од камати во споредба со сите други банки и тој изнесува 2,66 милиони евра. Тоа е помалку од 8 отсто приходот од камати што го има „Стопанска банка Скопје“ банката која има најголеми приходи од камати во конкуренција на 14 други деловни банки на домашниот пазар.

Традиционално нето приходите од камати се доминантна ставка во приходната, но и во профитната структура на македонските деловни банки. Во нашиот банкарски систем доминира класичниот банкарски пристап на работење кој најголеми приходи генерира од двете класични приходни ставки: нето приходи од камати и нето приходи од провизии и надоместоци.

банка

Приход од камати (во мил.евра)

Нето приход од камати (во мил.евра)

Учество на нето прих. во вк.приход %

Добивка/загуба

Стопанка банка Скопје

34,69

29,59

85,3%

17,14 мил.евра

НЛБ Банка Скопје

28,5

24,11

84,6%

15,7 мил.евра

Комерцијална банка Скопје

23,23

19

81,8%

11 мил.евра

Охридска банка

12,28

9,47

77%

6,11 мил.евра

УНИ Банка Скопје

8,38

6,18

73,7%

1,66 мил.евра

Стопанска банка Битола

3,70

2,47

66,7%

55.000 евра

ЦКБ Скопје

3,23

2,23

69%

-209.000 евра

ТТК Банка Скопје

2,66

2,14

80,4%

920.000 евра

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите