29 Март, 2024
0.0255

„Македонски телеком“ како евергрин, профитот е 23,3 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Акционерите можат да бидат задоволни, приходите од продажба пораснале за 2 отсто, оперативната добивка е поголема за 12 отсто, а нето профитот е 23,3 отсто и порасна за 9 отсто во споредба со лани

„Македонски телеком“ во првите девет месеци годинава го одржува своето пазарно учество и е најголем учесник на пазарот на телекомуникациски услуги, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех заклучно со крајот на септември годинава. Радосни вести за акционерите: макар и минимално растат приходите од продажба, се зголемува оперативната добивка и расте нето добивката на најголемата компанија за телекомуникациски услуги во Македонија.

Приходите од продажба за првите девет месеци годинава надминаа 129 милиони евра и тие се за 2 отсто повисоки од истиот период лани. Ова значи дека Телеком просечно месечно од своите услуги генерира приходи од 14,3 милиони евра. Најголемо учество во приходите е од продажбата на домашниот пазар. Или во бројки 122,27 милиони евра. И тие се повисоки за 2 отсто од истиот период лани. Од продажба во странство „Македонски телеком“ за првите девет месеци остварил продажба од речиси 7 милиони евра и таа во споредба со истиот период лани е пониска за 13 отсто.

Многу значајно е тоа што компанија има исто ниво на оперативни трошоци во споредба со истиот период лани. Заклучно со крајот на септември годинава расходите на компанијата се 103,72 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за амортизација и тие изнесуваат 31,6 милиони евра и во однос на истиот период лани се повисоки за 6 отсто. Втора најголема трошковна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци и тие изнесуваат 25 милиони евра, а во однос на истиот период лани се пониски за 8 отсто. Набавната вредност на трговски стоки е повисока за 2 отсто од лани и изнесува 20 милиони евра.

Оперативната добивка за првите девет месеци изнесува 26,74 милиони евра и е за 12 отсто повисока од споредбениот период минатата година. Тоа е солиден сигнал за сите потенцијални инвеститори во хартии од вредност. А за акционерите е убава вест зашто можат за реална основа да темелат очекувања за раст на дивидендата.

Значајно да се истакне е тоа што годнава за првите девет месеци компанијата има негативен скор од соодносот на финансиски приходи и финансиски расходи.

Имено, финансиските приходи се 507.000 евра и се за 55 отсто пониски од приходите по истиот период лани. Финансиските расходи пак пораснале за 20 отсто и изнесуваат 919.000 евра.

Нето добивката е 23,29 милиони евра и е за 9 отсто повисока во однос на септември лани.

„Македонски телеком“ во инвесторската заедница има имиџ на акција која е фикс во доделување дивиденда секоја година. Според официјалните податоци за последните три години кумулативно исплатената дивидендата надминува 50 денари или над 5 отсто од пазарната просечна цена на акцијата.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?