18 Април, 2024
0.0245

Македонската вода Пелистерка на повеќе од 20 светски пазари

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Најстарата македонска газирана вода, Пелистерка, во своето долгогодишно успешно работење од 1953 година до денес, успеа и сеуште успева, својот препознатлив производда го пласира на пазирите ширум Европа и светот. Во последниве неколку години, по освојувањето на регионот, нашиот бренд најде соодветно место и на пазарите во Естонија, Романија, Албанија, Германија, Америка, Австралија, Кина и други.

„Извезувањето македонски производ во светот е исклучително тежок и напорен процес. Со оглед на тоа дека Македонија не е дел од Европската унија, добивањето дозволи за извоз се долги, макотрпни и скапи процеси. Затоа ни е драго што сме првата македонска вода која што години наназад, својот бренд го пласира како во регионот, односно Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Црна Гора... така и во остатокот од Европа и светот. Запазувајќи ги сите потребни правила и процедури, а притоа сакајќи што повеќе да се доближиме до навиките на потрошувачите кои што не се наши локални, креативниот тим на Пелистерка константно подготвува етикети и останати промотивни материјали на јазикот на земјата во која што извезуваме. Декларации на нивниот јазик, прелепни врз нашите оригинални македонски етикети, никогаш не биле решение за нас. Етикети специјално дизајнирани и печатени за пазарите надвор од Македонија, се наш начин да искажеме почит кон нашите нови потрошувачи, зборувајќи на нивниот јазик“ – велат од Пелистерка.

Во моментов, македонската вода Пелистерка со соодветна етикета, може да се најде низ маркетите, кафулињата и рестораните во: Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Естонија, Романија, Германија, Америка, Австралија, Кина и Канада. И покрај тешката 2020 година која што ги погоди сите, но особено секторот во кој што работиме ние, Пелистерка продолжува да отвара нови пазари за функционирање и работење. Веќе стекнатите лојални потрошувачи далеку од дома, се доказ дека квалитетот, а не потеклото, се пресудни.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ