19 Април, 2024
0.0261

Македонска фриленсерка раскажува зошто е добро да се биде фриленсер и како да се заработи

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Росана Стаменкова од Велес повеќе од 6 години работи како фриленсер и е задоволна од својата работа.

Вели дека оваа работа нуди слобода, нешто што луѓето денес го сакаат, а со дебело портфолио може и добро да се заработи.

„Започнав сама, со проектина платформи како UpWork, Fiverr, Freelancer и други платформи специјализирани за фриленсерство. Потоа добив неколку од тие понуди и за некои од тие клиенти моментално сè уште работам. Моите работни задачи се однесуваат на позициите за кои сум специјализирана, а тие се графички дизајн, веб дизајн и програмирање, дигитален маркетинг и ux/ui дизајн каде што моето знаење освен што го користам на проекти, истото и го предавам во Creative Hub на Академиите за Графички Дизајн и Веб Дизајн. Слобода, работа од каде сакаш, за кого сакаш и кога сакаш, секако доколку си добар во организација и знаеш како да си ги планираш проектите со рокови и до кога треба истите да бидат готови, секако да имате и време за вашиот приватен живот“, вели таа.

Раскажува дека за да се стигне до добра заработка, треба да се работи со години, и да се биде професионален, да се промовира фриленсерот со она што го работи.

„Секако дека може да се заработи, но за да дојдете до голема заработка ви треба доста големо портфолио, а истото се гради со години искуство, но затоа не треба никогаш да се откажуваме од она што сакаме да го работиме и добиеме“, додава Стаменкова.

Неодамна истражување покажа дека во Македонија и соседна Србија, фриленсерството многу брзо се шири. На Балканот фриленсерството доживува „бум“. 

„Да, го видов истражувањето дека фриленс работата на Балканот е доста присутна и јас навистина сум среќна за тоа, бидејќи сум дел од таа заедница. Секој сака слобода нели? Тоа е пресудно, да не мора да седи во канцеларија класично, туку ако сака да може да работи од било каде, бидејќи сега во ова модерно време на слободен интернет мораме да го искористиме истото. Исто така мислам дека неформалното образование е клучен фактор за фриленсерството, бидејќи искрено знаеме дека со диплома од факултет не сме спремни веднаш за да не вработат во фирма, па и истите фирми бараат пракси пред да ве вработат, додека академиите што во моментов ги имаме на нашиот пазар во Македонија ви даваат знаење и пракса додека работите на реални проекти, ве спремаат за работа со клиенти и најдобро од сè е тоа што предавачите на тие академии се експерти од своите области, затоа учете од луѓето кои пред вас имаат вистинско искуство, едноставно учете од најдобрите“, вели таа.

На младите им препорачува да се усовршуваат и да имаат што повеќе знаења и вештини кои ќе им донесат приходи.

„Сакам да им посакам на сите кои сакаат да почнат да се работат со фриленсерство, да го искористат интернетот како слободна алатка да научат што е можно повеќе вештини и практични знаења за нешто што ги интересира и она што ќе го сработаат да го објават јавно, да го стават во портфолио и да градат еден бренд за нив со самото порфолио и искуство, и секако сите ваши колеги можете да ги наречете и ваша конкуренција, но не, јас не ги гледам како конкуренција, јас ги гледам како инспирација“, раскажува Стаменкова.

Таа моментално работи како Front-end Web Designer и Developer во една македонска маркетинг агенција со канцеларии во Њујорк, а има и своја веб страна, при што работела на многу проекти, имала клиенти од целиот свет.

Сајтот analyticshelp.io., покажа дека фриленс како кариера најмногу се шири во Србија, каде што има 3.52 фриленсери на 1000 луѓе кои живеат таму.

Потоа следува Македонија со 3.41 фриленсери на 1000 луѓе, Јамајка со 2.43 лица и Ерменија со 2.18 луѓе од 1.000 жители.

САД се рангирани на 5-тото место со 1.72 фриленсери на 1000 луѓе, додека Црна Гора и "Босна и Херцеговина" се рангираат на 6-то и 7-то место со 1.58 и 1.55 фриленсери на 1000 луѓе.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет