25 Април, 2024
0.0362

Македонија загубила повеќе од 140 милиони долари од странскиот туризам

Објавено во: Економија 13 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија загуби 144 милиони долари девизен прилив од странските туристи поради пандемијата во 2020. Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на туризмот покажува дека минатата година биле остварени 252,05 милиони долари од странските посетители, додека една година претходно сумата била 395,92 милиони долари.

Од земјите каде што Македонија најмногу се промовира како туристичка дестинација, огромен пад е забележан кај шпанските туристи. Дошле само 972 и оствариле 1.747 ножевања. Падот е 90 отсто. Десеткратно е намален бројот на туристи од Словенија, Турција. Кај Бугарија има пад од 80 отсто и дошле само 10.443 туристи од оваа соседна земја и при тоа оствариле само краток престој. Слична е и ситуацијата со Хрватите. Земјата ја посетиле 2.748 Полјаци кои оствариле околу 10 илјади ноќевања, за разлика од 2019 кога нивниот број бил над 120.000.

„Поради кризата со корана вирусот карантините и затварањето на границите во 2020 година, забележан е пад на туристите од -84.4 отсто и ноќевањата од -84% споредбено со 2019 година што се одразува со пад на девизниот прилив од туризам од -36,3 проценти, споредбено со истиот период во 2019 година, односно 252,05 милиони долари. Во првите два месеца 2020 година споредбено со 2019 имаме раст на странските туристите од 15,3 отсто додека кај ноќевањата раст од 8,4%. Од месец март имаме голем пад на бројот на странски туристи поради затворените граници од -84.4%, додека кај ноќевањата за -84%, споредбено со 2019 година“, се вели во извештајот.

Иако засега ситуацијата не укажува на тоа дека состојбата ќе се промени на подобро во однос на лани, од агенцијата потврдуваат дека затоа е потребно отворање на границите.

„Земајќи го предвид досегашниот тренд на пораст до 2019, очекувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија за 2021 година се дека по вакцинацијата и отварањето на границите за патување ќе има регистриран раст во поглед на бројот на туристи и ноќевања како и раст на девизниот прилив по основ на туризам во 2021година“, велат од таму.

Ако во 2019 Македонија ја посетиле 757.593 гости од странство, додека во 2020 нивната бројка била 118.206. Исто така во 2020 е намлен и бројот на домашни туристи, најмногу поради воведувањето на карантин во државата, од -18,3 отсто, додека кај ноќевањата на домашните туристи има пад од -14,2 проценти споредбено со 2019 година.

Комисијата за доделување на субвенции за странски организиран туристички промет одобрила субвенции за 2.112 посетители, најмногу од Малезија, Бугарија и Турција.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ