20 Јуни, 2019
0.0246

Македонија убедливо прва во растот на странските директни инвестиции, тврди ОН

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2019

Според "Извештајот за инвестициите во светот 2019", објавен од страна на Конференцијата на ОН за трговија и развој, највисок раст забележан во регионот лани имала Македонија, каде странските директни инвестиции се зголемиле за 260 отсто од претходните 205 милиони долари во 2017, односно вкупно тие изнесувале 737.000.000 долари минатата година. Македонија наедно е прва според растот во оваа категорија севкупно кај сите пост-транзициски земји во извештајот.

Западен Балкан минатата година забележа раст на странските директни инвестиции, и покрај негативниот тренд во целиот свет, а Србија на ниво на инвестиции е на во второто место, се вели во извештајот на органите на Обединетите нации, пренесува "Радио Слободна Европа". Србија, која има вкупно најголем прилив на странски директни инвестиции во регионот, забележа зголемување од 44 отсто на 4,1 милијарда долари.

Се известува дека странските директни инвестиции се намалиле за 13 отсто во светот - на 1.300 милијарди долари, додека Западен Балкан забележува зголемување од 33 отсто на 7,4 милијарди долари.

Од земјите членки на ЕУ во регионот, најголем пораст е забележан во Словенија, 81 отсто, односно на 1.4 милијарди долари, додека во Хрватска се намалил за 43 отсто, односно на 1,2 милијарди долари, додека во Бугарија е забележан пад на две милијарди долари, или 21 проценти.

Црна Гора забележа пад од 12 отсто на 490 милиони долари, додека во Босна и Херцеговина евидентиран е раст од четири отсто на 468 милиони долари, а во Албанија тие се зголемиле на 1,3 милијарди долари, односно за 13 отсто.


Можеби ќе ве интересира

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

Нова светска економска криза во 2020 година

Нова светска економска криза во 2020 година

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно