20 Јануари, 2021
0.0191

Македонија треба времено дa го замрзне спорот со Бугарија до март 2021

Објавено во: Македонија, Колумни 29 Ноември, 2020

Се наоѓаме во период кога Бугарија нѐ уценува да признаеме дека нашите корени се бугарски, македонскиот јазик е западнобугарски дијалект и дека Македонците во Бугарија не постојат и ако Судот во Стразбур го кажува токму спротивното. Срамни барања за една држава-членка на ЕУ која навидум се залага за добрососедски односи, а во пракса се заканува и уценува. Маските се паднати, Бугарија со овој потег само ги потврди сомневањата во Македонија дека Бугарите никогаш безусловно не нѐ поддржувале нас Македонците.

Македонскиот државен врв сега има две опции. Да направи недопустливи отстапки кои задираат во сржта на македонскиот идентитет и државност само за да ги задоволи великобугарските експанзионистички барања со цел да отпочнеме преговорисо ЕУ. Или да почекаме до март идната година, за кога се очекува да се случат големи промени на меѓународната сцена во наша полза и дури тогаш да пристапиме кон решавање на спорот соБугарија.

Што ќе се случува на меѓународна сцена во наредниов период?

Во месец јануари ќе се одржи инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден кој доаѓа од редовите на Демократската партија што е позната по својата интервенционистичка политика во надворешните односи. Со други зборови, праксата покажува дека САД под водство на демократски претседател се склони кон користење на американската булдожер дипломатија во служба на остварување на нивните национални интереси. Добропознато е дека национален интерес на САД е Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ, став што беше потврден пред скоро време од страна на американскиот Стејт департмент кој експлицитно ја повика официјална Софија да го реши спорот со Македонија надвор од пристапниот процес на ЕУ. Просто кажано, правете што ќе правите, но не ја блокирајте Македонија.

Понатаму, во месец март во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Општопознато е дека националистичката реторика е во пораст пред и за време на изборен процес. Ова правило важи и за Бугарија, што за нас е особено важно ако се земе предвид дека радикалната ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов е дел од владата предводена од ГЕРБ на Бојко Борисов. Откако ќе заврши изборната кампања и ќе се соопштат изборните резултати за очекување е да стивне и национализмот директно поттикнат од бугарските власти и да почнат поразумно да преговараат со Македонија во рамки на воспоставените меѓународни норми и правила.

За крај,опстојувањето на нашите позиции и бранењето на македонските црвени линии од страна на Пендаровски, Заев, Османи и Димитров за дополнителни 4-5 месеци ќе покаже дека Македонија не е спремна да преговара за идентитетските прашања, кои меѓу другото беа потврдени од Грција со Преспанскиот договор и како такви фигурираат и во личната карта на Република Северна Македонија во ООН. Овој чекор за возврат и ќе ни ги зголеми шансите да извадиме подобар резултат во овој меѓународен спор.

Македонија чекаше речиси 30 години за надминување на разликите околу името со нашиот јужен сосед, затоа не треба да ни преставува голем проблем да почекаме уште неколку месеци  со цел целосно разобличување на бугарските позиции и поповолно решавање на спорот со нашиот источен сосед.

М-р Филип Ивановски


Можеби ќе ве интересира

Владата не го му го продолжи договорот на историчарот Литовски од билатералната комисија за Бугарија

Владата не го му го продолжи договорот на историчарот Литовски од билатералната комисија за Бугарија

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4.4 ПО РИХТЕР ПОЧУВСТВУВАН ВО ОХРИД И СТРУГА: Епицентарот близу Подградец во Албанија

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4.4 ПО РИХТЕР ПОЧУВСТВУВАН ВО ОХРИД И СТРУГА: Епицентарот близу Подградец во Албанија

ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ПОВТОРНО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОЛИТИКАТА – тој вели, останувам настрана

ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ПОВТОРНО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОЛИТИКАТА – тој вели, останувам настрана

Што побрзо отворање на преговорите со Македонија: Амбасадорите во Владата на средба со Заев

Што побрзо отворање на преговорите со Македонија: Амбасадорите во Владата на средба со Заев

Доктор Лазаров: Видов солзи од пациенти, мир ќе немате, џабе парите

Доктор Лазаров: Видов солзи од пациенти, мир ќе немате, џабе парите

Матурантите ќе ја бојкотираат наставата во второто полугодие

Матурантите ќе ја бојкотираат наставата во второто полугодие

(ФОТО) И охридскиот градоначалник се искапе во ладната вода

(ФОТО) И охридскиот градоначалник се искапе во ладната вода

Денеска 400 новозаболени, починале 11 лица

Денеска 400 новозаболени, починале 11 лица

Директорот на струшката болница отфрла лекарска грешка во случајот со родилката на која и беа извадени органи

Директорот на струшката болница отфрла лекарска грешка во случајот со родилката на која и беа извадени органи