25 Април, 2024
0.0289

Македонија со најповолна бизнис-клима во регионот

Објавено во: Економија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, се вели во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан,.при што се издвојува и тоа што имаме и најмалку фискални ризици. Македонија наедно и најчесто  одржува дијалози на редовна основа со приватниот бизнис-сектор.

Во студијата насловена како „Government at a glance: Western Balkans 2020”се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување на поволна бизнис клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите од ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД кои се членки на ЕУ.

Извептајот кој го презентираше министерката за финансии Нина Ангеловска се изработува за прв пат од ОЕЦД и во него има над 40 индикатори кои се однесуваат на јавна администрација, јавни финансии, буџетски пракси и процедури, јавни набавки, дигитална влада итн. 

Министерката, повикувајќи се на резултатите од истражувањето, посочи дека земјата ја дочекала кризата со здрав финансиски систем и стабилизиран државен долг, понизок за околу 10 процентни поени во однос на просекот на земјите од регионот како и дека покрај кризата, се работи на реформите согласно Стратегијата за реформи во јавните финансии. 

Мерките против корона-кризата, како што вели таа, се дизајнирале многу внимателно, таргетирано и со јасни цели и очекувани ефекти за да го дадат максималниот ефект со ограничените ресурси, водејќи сметка за фискалниот простор.

- Дизјаниравме 3 обемни пакети антикризни мерки кои вклучуваат даночни олеснувања, субвенции на плати, ваучери и платежни картички кои ја поддржуваат приватната потрошувачка, финансиска поддршка за инвестициите и конкуретноста итн..Овие мерки играа значајна улога во справувањето со кризата, а повторно успеавме да задржиме фискален простор доколку треба за дополнителни интервенции – истакна министерката.

На презентацијата, покрај Ангеловска, учествуваше и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, како и министри за финансии од другите земји опфатени со извештајот, преставници од Директоратот за проширување на Европската унија, како и други високи претстваници.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ