19 Април, 2024
0.0929

МАКЕДОНИЈА ШЕСТА НА ЈУНИОРСКАТА ЕВРОВИЗИЈА - домаќинот Полска ја однесе победата

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

17 - тата по ред Јунироска Евровизија започна и заврши спектакуларно, како што му доликува на еден музички настан од светски размери. Настапите на сите 19 земји учеснички изобилуваа со неверојатни сценски ефекти, но и самите деца се имаа многу потрудено достоинствено да ја претстават својата земја.

Нашата претставничка Мила Москов настапи под редниот број 4, застана сама на сцена и покрај видната трема, „Fire“ ја донесе на еден беспрекорен начин. Буквално ѝ покажа на Европа како се пее во Македонија. Повредата која ја имаше остана заборавена, а резултатот го потврдува тоа.


Имено, Македонија настапува 15 - ти пат по ред на овој музички настап. Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

Победата ја однесе домаќинот - Полска. 12 - годишната Вики Габор ја зема победничкиот пехар во раце. Нејзината „Superhero“ и ја донесе оваа победа, а секако гласот на публиката беше пресуден за оваа победа. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган