Македонија меѓу земјите со најмал ризик за перење пари
Објавено во: Економија 14 Август, 2020
Албанија се смета за земја со висок ризик за перење пари и финансирање на тероризам. Индексот на Инстиутот во Базел ја рангира Албанија како втора европска земја, по Турција, со највисок ранкинг во однос на перењето пари и ризикот од тероризам.
Индексот во 2020 година на Базелскиот институт ја рангира Албанија на 44-то место меѓу 141 земја во светот во однос на овој феномен со 5,69 поени, додека Турција е погоре рангирана за три позиции на 41-то место со 5,76 поени.
Од земјите од Западен Балкан, Босна и Херцеговина се наоѓа на 47-то место со подобар пласман од Албанија, по што следи Србија на 54-то место. Македонија се најде меѓу земјите со најмал ризик за перење пари и тероризам со 3,98 поени и земјата е на 117, места, Хрватска на 119-то место и Црна Гора на 126-то место, проследена со Грција на 127-то место и Словенија на 133-то место.
Во земјите со најголем ризик од светот, на прво место е Авганистан, додека Естонија е рангирана на 141 место како земја со најмал ризик.
Во Базелскиот индекс се земени предвид квалитетот на правната рамка за спречување на перење пари, нивото на корупција, транспарентност во финансиите и правните и политичките ризици.