27 Октомври, 2021
0.0213

Македонија губи милионски суми поради пожарите

Објавено во: Економија 04 Август, 2021

Пожарите на Македонија и носат милионски загуби со уништувањето на најголемиот национален ресурс. Новообјавениот извештај на јавното претпријатие „Национални шуми“ покажува дека минатата година штетата била повеќе од 80 милиони денари, но има и години кога таа била преку 30 милиони евра.

„Согласно електронскиот систем MKFFIS, преку статистичките листови кои ги доставуваат подружниците, и електронските месечни извештаи за реализирани активности на шумочуварската служба доставени до Секторот за заштита на шуми, надзор и внатрешна контрола, евидентирани се 102 пожари во текот на 2020 година, со вкупно опожарена површина од 1.233,92 хектари, а опожарената дрвна маса е 8.138 м3 при што е причинета штета од 81.071.150 денари. Во гасењето на сите 102 пожари учествувале 1.101 гасначи во екот на пожарите, од кои поголем број се вработени во ЈПНШ, а останатите се гасначи од други субјекти“, потврдува претпријатието за 2020.

Во 2019 загубите се 808.669.316 денари кога била опожарена површина од 15.675 хектари и евидентирани се многу повеќе огнени стихии. Во 2017 земјата беше во минус од 32 милиони евра од изгорените шуми, евидентира „Македонски шуми“.Во 2015-та таа надминува една милијарда денари, или близу 21 милион евра.

- Бројот на пријавени шумски пожари на отворен простор бил помал поради временските прилики. Следењето на настанатите пожари е преку електронскиот систем, односно преку статистичките листови кои ги доставуваат подружниците, велат од „Македонски шуми“. Од таму додаваат дека превентивно на овие непогоди се одговара со кампањите, со подготовка во тренинг центарот, со изработките на оперативните планови.и со обуки на вработените.

Приходите на претпријатието од наплата на шумски штети и од продажба на конфискувано дрво оај изнесуваат многу помалку. Во гаснењето на пожарите и заштитата на шумскиот фонд, најмногу учествуваат вработени од противпожарните единици како и вработени од јавното претпријатие.

Покрај нив, против пожарите делуваат и Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, под чија надлежност се и противпожарните авиони за кои се испостави дека три години не се сервисирани наводно поради поскапената цена на услугата од страна на странските оператори. Двете институции заедно имаат годишен буџет од неколку милиони евра.

„Како држава имаме ограничени ресурси, без разлика која партија е на власт и која и да е наредна, нашите ресурси ќе бидат ограничени“, изјави вчера на прес-конференција, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, тоа граѓаните мора да го прифатат, иако истовремено се работи на  зголемување на постојниот капацитет.

„Нашите капацитети се тие со години и со децении наназад. Владата е подготвена да учествува во санацијата на целата штета. И многу помоќни земји од нас, не можат да се справат со пожарите, како САД, Турција или Канада“, додаде Ангелов.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!