02 Јули, 2022
0.0422

Македонија го спасува БМВ, Кромберг и Шуберт отвора фабрика во Бунарџик

Објавено во: Економија 05 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Кромберг и Шуберт, еден од најголемите работодавачи во Македонија, отвора уште една фабрика, овој пат крај Скопје, превземајќи дел од производството што беше стопирано со војната во Украина поради што беше нарушен ланецот на набавки, посебно на снопови електрични кабли, за големите германски автопроизводители.

Фабриката е веќе регистрирана, а од Кромберг и Шуберт за „Фактор“ потврдуваат дека во Бунарџик ќе се произведуваат кабли за БМВ, која мораше да го намали своето производство на почетокот на војната, а сите други производители беа принудени да го сторат истото.

Прво е планирано да се закупи објект во Општина Илинден, за производството да започне побргу со инстантно вложување на 22 милиони евра за опрема и машини, а истовремено ќе се гради нова фабрика за која би биле инвестирани 39 милиони евра. Првиот погон за релокација на производството за БМВ од Украина, би започнал со работа во август или септември, а веќе има огласи за вработување кои би достигнале до 1.800. Фабриката би се градела во новата индустриска зона Скопје 3 и таму би требало да има 2.000 вработувања и производниот процес би стартувал во 2024.

Од Кромберг и Шуберт велат дека нема да има намалувања на бројот на работиници во индустриската зона Жабени.

- Нема да има намалување на бројот на вработени во Жабени, напротив. Паралелно со погоренаведените инвестиции во Скопскиот регион, ние имаме нов проект и во фабриката во Битола. Вкупната инвестиција во опрема и машини изнесува 25,7 милиони евра и планирани се околу 800 нови вработувања во наредните 2 години, велат од менаџментот на фабриката.

За евентуална поддршка за инвестиционата активност од страна на државата, од таму велат дека за тоа ќе се разговара кога времето ќе биде соодветно.

- За новата фабрика која е планирано да се гради во Бунарџик наредната година, ќе се разговара за соодветен договор за поддршка кога за тоа ќе дојде време и доколку компанијата ги исполнува законските услови, додаваат од Кромберг и Шуберт.

Речиси во сите германски возила, од Мерцедес, БМВ и Фолксваген со неговите брендови Порше или Ауди, па се до камионите на еден МАН, досега беше вградуван еден важен дел од Украина: сноп на електрични кабли. 

Украина е една од земјите специјализирани за производство на такви кабли за европски автомобили. Војната таму не само што влијае на звучните имиња во автомобилскиот свет, туку се пренесува со верижна реакција на целиот спектар на добавувачи во автомобилската индустрија: нарачките мора да се откажат и возилото не може да се произведе комплетно.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Одлична вест за туристите: Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа

Одлична вест за туристите: Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа

Ковачевски: Наместо јаглен, следната базична енергија од централи на гас и од Чебрен

Ковачевски: Наместо јаглен, следната базична енергија од централи на гас и од Чебрен

Швајцарија ги зголемува залихите на храна, ќе се прават резерви на кафе

Швајцарија ги зголемува залихите на храна, ќе се прават резерви на кафе

ОПЕК го отфрли барањето на Г7 за дополнително производство на нафта

ОПЕК го отфрли барањето на Г7 за дополнително производство на нафта

Украина годинава со поголем извоз на жито од лани

Украина годинава со поголем извоз на жито од лани

Испораките на руски гас за Кина се зголемени за 63,4 отсто

Испораките на руски гас за Кина се зголемени за 63,4 отсто

ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ, Регулаторна утврди нови цени на горивата

ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ, Регулаторна утврди нови цени на горивата

САУДИСКА АРАБИЈА ВНИМАТЕЛНО БАЛАНСИРА МЕЃУ БАЈДЕН И ПУТИН: Ријад побара од Москва дозвола за зголемување на производството на нафта

САУДИСКА АРАБИЈА ВНИМАТЕЛНО БАЛАНСИРА МЕЃУ БАЈДЕН И ПУТИН: Ријад побара од Москва дозвола за зголемување на производството на нафта

Лукаревска: Од 2023 до 2.100 денари за скенирање фискални сметки преку „Мој ДДВ“

Лукаревска: Од 2023 до 2.100 денари за скенирање фискални сметки преку „Мој ДДВ“