16 Октомври, 2021
0.0213

Македонците триумфираа со “еден - два” победа на интернационалната FIA CEZ трка на Twingo CUP во Гробник

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2021

Со својот маестрален настап  на тркачката патека Гробник, Хрватска за прв пат нашите Twingo Cup возачи се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција со 32 возачи од неколку земји. На Гробник се возеа викендов две трки, а на втората имаше целосна доминација на македонските возачи.

Особено драматична и возбудлива беше втората трка на која Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење на целта  стигнаа на првите две места. Постојано беа меѓу најдобрите 8, се пробиваа низ патеката, и меѓусебе се поддржуваа. Таа тимска работа на крај им донесе и радост.

Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфираше на FIA CEZ трката на Twingo CUP , зад него беше Давид Малинковски, додека пак трет зад нив беше унгарецот Лантос. Во текот на целата трка Блажевски и Малинковски беа во линија со водечките, го чекаа моментот и последните кругови Блажевски откако го презеде водството остана таму до крајот.

Воедно ова беше и финална трка на втората сезона на Twingo CUP каде трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковскисо вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.

Второто место во генерален пласман сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.

За следната година, во третата сезона на Twingo Cup планирано е возење на патеките на Серес - Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг–Словачка, Red bull Ring -Австрија каде македонските Twingo CUP возачи ќе се борат за главната награда а тоа е 100% Renault Twizy .

Голема благодарност до нашите пријатели поддржувачи: Renault, Аутомотив Груп, Шпаркасе Лизинг, ПСС и Триглав Осигурување како и до Лема Рејсинг тим за успешната соработка.

Во продолжение Ви ја претставуваме комплетната листа на бодови на сите натпреварувачи.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Жито пром - Гевгелија ги претстави новите колачи 4U на Саемот „Ануга“ во Келн

Жито пром - Гевгелија ги претстави новите колачи 4U на Саемот „Ануга“ во Келн

Huawei претстави седум иновации во дигиталната инфраструктура, создавајќи поголема вредност за клиентите и партнерите

Huawei претстави седум иновации во дигиталната инфраструктура, создавајќи поголема вредност за клиентите и партнерите

БАТ се обврзува на нето нула емисија на штетни гасови до 2050

БАТ се обврзува на нето нула емисија на штетни гасови до 2050

OKTA со поддршка на лицата со оштетен вид за нивно полесно учество во сообраќајот

OKTA со поддршка на лицата со оштетен вид за нивно полесно учество во сообраќајот

МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.311.293 денари освои Киро од Делчево

МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.311.293 денари освои Киро од Делчево

„Аџибадем Систина“ продолжува со Академска пракса за студентите, од оваа година овозможува и практични вежби

„Аџибадем Систина“ продолжува со Академска пракса за студентите, од оваа година овозможува и практични вежби

Со квалитетно образование до подобра иднина

Со квалитетно образование до подобра иднина

Нутриционист Тања Турунџиева за она што не го знаеме за холестеролот и триглицеридите

Нутриционист Тања Турунџиева за она што не го знаеме за холестеролот и триглицеридите

Македонија чекор пред сите во светот: Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

Македонија чекор пред сите во светот: Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород