29 Март, 2024
0.0254

МАКЕДОНЦИТЕ ПОТРОШИЛЕ 195 МИЛИОНИ ЕВРА ОНЛАЈН, најголем дел од трансакциите се кај домашни продавници

Објавено во: Финансии 04 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Продолжува растот на вредноста и на бројот на трансакции направена со безготовински платежни трансакции на виртуелните места во првите шетст месеци годинава, покажуваат податоците на Народна Банка на Македонија.

Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци кон домашни онлајн продавници што претставува 70 отсто од вкупната вредност на направени онлајн трансакции. Во текот на првата половина од 2022 година, Македонците најмногу купуваат од домашните е-продавници, но темпото на пораст во однос на двете последни години е со помал интензитет. Поостварениот пораст од 169 отсто во првата половина од 2020 година и 83 проценти во 2021 година, во текот на првите шест месеци од 2022 година Македонците со домашни картички кон домашни е-продавници потрошиле речиси 195 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 22 отсто во однос на истиот период претходната година, појаснуваат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Бројот на трансакции кои што Македонците ги направиле кон домашните е-трговци изнесува 6,1 милион и претставува пораст од 15 отсто во однос на истиот период минатата година, па соодветно расте и вредноста на просечната трансакција која изнесува 32 евра и тоа кај физичките лица  – 30 евра, а кај правните субјекти – 37 евра.Со странски картички кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2022 година реализирани се скоро 11 милиони евра односно 43 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, во 292 илјади трансакции. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 37.7 евра. 

-  Не е обесхрабрувачки што порастот е значително помал споредено со претходните две години. Позитивно е што во структурата со 70 отсто и понатаму доминира вредноста со домашни картички кон домашни е-трговци. Растот и развојот на е-трговијата е во интерес на сите и во интерес на развој на домашната економија, а за да креираме соодветни политики и промени потребно е да носиме одлуки кои ќе бидат базирани на точни и квалитетни податоци – вели Нина Ангеловска, Претседателка на АЕТМ.

Македонците во странство направиле трансакции вредни 71 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 66 отсто раст во однос на минатата година. При тоа правните лица имаат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции или скоро 70 проценти во однос на претходната година. Со тоа се зголемува учеството на правните лица во вкупните трансакции на скоро 32 отсто. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство изнесува 1,7 милион и расте со 31 проценти во однос на истиот период лани. Просечната трансакција изнесува 40.1 евра, и тоа 31.3 евра кај физичките лица и 118.3 евра кај правните лица.

Во првото полугодие од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци и во странство од македонци, изнесува скоро 277 милиони евра, што претставува пораст од 31.7проценти во однос на истиот период минатата година.

Во Македонија заклучно со 30.06.2022 година активни се 1.762 витруелни или интернет продажни места.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка