Добивај вести на Viber
Најбрзорастечка економија во светот годинава е Макао, остров на југот во Кина, благодарение на коцкарската индустрија. Профитите на казината во оваа земја минатата година изнесувале неверојатни 38 милјарди долари, што е шест пати повеќе споредено со Лас Вегас. Макао уште го нарекуваат и Лас Вегас на Истокот поради нивната голема сличност, идентична доза на гламур и сјај.
Повеќето големи играчи од Невада, се почесто одлучуваат својата среќа да си ја испробаат и во Макао. За 10 години оваа земја успеа да го истисне Лас Вегас од врвот на коцкарската индустрија.
Среќата во Макао можете да си ја испробате на маси кои се простираат на 550.000 метри квадратни и да престојувате во наголемите хотели во светот кои имаат и над 5.000 соби.
До 2015 година се очекува дека приходите од коцкање во Макао двојно ќе се зголемат и ќе достигнат бројка од 62 милиони долари.