Мајка ја чувала својата двегодишна ќерка во багажник и подрум
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2018
Мајка своето мало дете го чувала во подрум и во багажник.
На Рози Марија де Круз од Франција ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради злоупотреба на малолетно дете. Детето било злоупотребувано уште од раѓање.
Де Круз денеска пред суд се најде случајно, само затоа што автомеханичар пред четири години открил дека двегодишно девојче живее во багажниот простор на автомобилот.
Круз криела дека ќерка ѝ воопшто постои скратувајќи и ги ја храната и водата поради што е обвинета за насилство над малолетно лице што предизвикува трајно оштетување.
Кога е пронајдено, детето имало две години, прегладнето и со сериозни проблеми во развојот.
Во извештајот стои дека мајката ги криела бременоста и породувањето од нејзиниот сопруг и трите други деца.
Детето сега седум години, и добива посебна грижа и внимание.