15 Октомври, 2024
0.0224

„ЛУКСУЗ ЛИ Е КАШКАВАЛ ДА СЕ КУПИ“?: Глигорова во нејзин стил за скапотијата

Објавено во: Финансии 23 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Активистката Ана Глигорова, на фејсбук го изрази револтот за поскапувањата на храната и релативно ниските плати, па направи пресметка како се преживува со актуелните цени на производите.
Влегуваш во маркет, септември 2024 година за да купиш секојдневни продукти. Храна. За едно четиричлено семејство, за преживување дневно потребно е-

Зеленчук, крставици (1 кг) - 120 ден, домати (1 кг) - 100 ден, кромид (1/2 кг)- 40 ден.

Овошје, два килограми по избор 300 денари.

Млечни производи - 2 л јогурт - 160 ден, 1 л млеко - 70 ден, сирење - 1 кг - 450 ден, павлака - 70 ден

Месо ( пилешко 1 кг) - 500 ден.

Леб ( два ) - 80 ден.

Вкупно 1890 ден. ( да заокружиме на 2000 ден. со други продукти кои ќе бидат купени).

За еден месец 2000 ден по 30 дена е 60 000 ден, или 1000 евра.

Ако се работи за семејство со две малолетни деца и две плати по 500 евра, под услов целата плата да се даде за храна, за преживување, без сметки, кирија, рати од кредит, облека, потреби за децата, превоз, ова е неподносливо место за живеење.

Под претпоставка, двајацата да земаат плата по 1000 евра, може и нешто да се заштеди, под услов да не се плаќаат рати за стан или кирија.

Ако само едниот во семејството работи (најчесто тие се најдискриминирани од газди и шефови) за 25 000 денари, овие луѓе се мачат во сиромаштија, некавлитетно се хранат, не им стигнува за сметки, многу тешко живеат. Многу ги има, невидливи се за оваа скапана елита која гледала полни кафичи и бесни коли, па се прашувала- од каде им се парите. Луксуз ли е децата да се однесат на море еднаш годишно? Луксуз ли е кашкавал да се купи? Е па луксуз е за оние кои не ги гледате а многу често ми пишуваат дека едвај преживуваат. Тие по кафичи не излегуваат, се возат со автобус и имаат мобилен кој не е луксуз во 2024 година. Доста со демагогија и летање во облаци дека немало сиромаштија, таа преовладува“, напиша таа на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

ПО СЕДУМ ГОДИНИ БЛАЖ БРОДЊАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА СКОПЈЕ - презема други активности во НЛБ Љубљана

ПО СЕДУМ ГОДИНИ БЛАЖ БРОДЊАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА СКОПЈЕ - презема други активности во НЛБ Љубљана

КОИ ТЕХНОЛОШКИ МИЛИЈАРДЕРИ НАЈМНОГУ ПРОДАВАА АКЦИЈА ГОДИНАВА? Меѓу нив се многу познати имиња

КОИ ТЕХНОЛОШКИ МИЛИЈАРДЕРИ НАЈМНОГУ ПРОДАВАА АКЦИЈА ГОДИНАВА? Меѓу нив се многу познати имиња

НА ПРОДАЖБА ЦЕЛА ЛУКСУЗНА НАСЕЛБА КОЈА ГИ МАМИ БОГАТАШИТЕ ВО БОСНА: Цената е вистинска „ситница“

НА ПРОДАЖБА ЦЕЛА ЛУКСУЗНА НАСЕЛБА КОЈА ГИ МАМИ БОГАТАШИТЕ ВО БОСНА: Цената е вистинска „ситница“

ПОКРАЈ БУЧАВА, ОТСЕГА ЌЕ СЕ КАЗНУВААТ И МИРИС ОД СТАНОВИТЕ: Предлог закон со кој се предвидуваат драконски казни за кршење на куќниот ред во Хрватска

ПОКРАЈ БУЧАВА, ОТСЕГА ЌЕ СЕ КАЗНУВААТ И МИРИС ОД СТАНОВИТЕ: Предлог закон со кој се предвидуваат драконски казни за кршење на куќниот ред во Хрватска

БРИТАНКА САКАЛА ДА ЗАШТЕДИ: Решила една година да не оди на пазарење

БРИТАНКА САКАЛА ДА ЗАШТЕДИ: Решила една година да не оди на пазарење

ПЕТ ГОДИНИ РЕДОВНО ЗЕМАЛ ПЛАТА, А НЕ СЕ ПОЈАВУВАЛ НА РАБОТА: Собрал пари доволно за да купи две луксузни вили, а еве го неговото објаснување

ПЕТ ГОДИНИ РЕДОВНО ЗЕМАЛ ПЛАТА, А НЕ СЕ ПОЈАВУВАЛ НА РАБОТА: Собрал пари доволно за да купи две луксузни вили, а еве го неговото објаснување

САМО ВО ЕДНА ЗЕМЈА ПЛАТАТА Е ПОД 3.000 ЕВРА: Кои плати се добри плати за Европејците?

САМО ВО ЕДНА ЗЕМЈА ПЛАТАТА Е ПОД 3.000 ЕВРА: Кои плати се добри плати за Европејците?

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

КОМУ СМЕ МУ ГИ ДОВЕРИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ - еве кои се „милијардери“, а колку има и во другите банки

КОМУ СМЕ МУ ГИ ДОВЕРИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ - еве кои се „милијардери“, а колку има и во другите банки