02 Декември, 2022
0.0444

Лукашенко го испитува пулсот на народот и повика на општа мобилизација

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Белорускиот претседател Александар Лукашенко најави општа мобилизација, но, не за војна. Тој го мобилизира населението за берба и други земјоделски работи.

Наредбата  до локалните началници низ Белорусија е да се мобилизираат сите што можат да работат на полињата.

„Прогласувам општа мобилизација! Мобилизирајте ги сите – средношколци, студенти, работници, државни службеници, јавни личности“, гласеше повикот на Лукашенко.

Како што објасни тој, сега е одлична можност за „добра заработка“, бидејќи житарките се бараат насекаде, има недостиг, па зошто да не се зајакне буџетот. Тој апелирајќи да не се изгуби ниту едно зрно, домат или компир, бидејќи тоа значи губење на неопходните евра, долари или рубли за белоруската економија.

„Ако човек работи 5-6 часа на терен, сите ќе бидат задоволни, и родителите и државата, а децата ќе имаат корист од свежиот воздух, ќе станат физички посилни“, вели Лукашенко.

Но некои од белоруските медиуми шпекулираат дека Лукашенко, всушност, сака да провери колку луѓе се способни за војна. 

Лукашенко, како што јави белоруската новинска агенција Белта, изјавил дека е верен сојузник на Русија и дека нема да дозволи воените операции да се префрлат на територијата на Белорусија, а нивната задача е да се погрижат Русија да не биде загрозена од Полска, Литванија и Летонија. 

Белорусија од самиот почеток на инвазијата на Украина дава поддршка на Русија. Русија има проблеми со мобилизацијата. 

Фото: Интернет-страница на белорускиот претседател

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАМИОН НА БАТЕРИИ: Изгледа како да дошол од иднината

(ВИДЕО) КАМИОН НА БАТЕРИИ: Изгледа како да дошол од иднината

Чавушоглу даде рок кога би имало примирје во Украина

Чавушоглу даде рок кога би имало примирје во Украина

Зошто Русија и се лути на Франција?

Зошто Русија и се лути на Франција?

Фон дер Лајен навлече гнев со објавата за загинати 100.000 украински војници

Фон дер Лајен навлече гнев со објавата за загинати 100.000 украински војници

(ВИДЕО) Во која земја се наоѓа најстариот ресторан во светот?

(ВИДЕО) Во која земја се наоѓа најстариот ресторан во светот?

Медведев: Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква

Медведев: Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква

(ВИДЕО) НОВ ГАФ: Бајден направи грешка на средбата со Макрон

(ВИДЕО) НОВ ГАФ: Бајден направи грешка на средбата со Макрон

Путин планирал убиство на украинското раководство или се надевал дека ќе избегаат од Украина

Путин планирал убиство на украинското раководство или се надевал дека ќе избегаат од Украина

Koj e најевтиниот град за живот во светот?

Koj e најевтиниот град за живот во светот?