20 Април, 2024
0.0282

Лукаревска: Демантирам дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред посета на Куманово

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ги демантира дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус  го направила пред вчерашната теренска посета во Куманово.

Резултатите од епидемиолошката анкета од другарот Мухамед ги добивме вчера вечер (недела, 31 мај), по што бев тестирана пред 20:00 часот. Од моментот кога ме контактираа епидемиолозите не сум го напуштила својот дом. Притоа, во текот на денешниот ден ги очекувавме и резултатите од моите родители, кои денеска дознавме дека се негативни. Грижата за нив, како повозрасни лица кои се во ризична група е стрес кој секоја ќерка го чувствува за своите родители. Исто така сакам да истакнам дека во секој момент од посетата во Куманово ги почитував сите заштитни мерки. Сакам едно нешто да биде јасно - прво како човек, а потоа како јавен функционер никогаш на никој не би го загрозила јавното здравје. Апелирам до секој добронамерен граѓанин, да не правиме сензационализам од состојбата на нечие човечко здравје. Независно од сѐ, луѓе сме пред сѐ. Се надевам дека мојата ситуација ќе биде поука за понатаму. Ширење паника и дезинформации, особено во време на криза, е опасно и основа за стигматизација во едно општество. Вирусот е тука, сите може да бидеме изложени. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себе и сите околу нас. Најважно од сѐ - да кажуваме точни и навремени информации, да бидеме искрени со лекарите затоа што тоа е најголемиот акт на општествена одговорност. Коронаворусот е тука, со него ќе живееме долго време. Да си помагаме, да се поддржуваме, заедно ќе надминеме“, пишува Лукаревска. 


Премиерот Оливер Спасовски е негативен, но останува во самоизолација. 

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец, објавија дека се во задолжителна самоизолација бидејќи минатата недела имале контакти со  Зекири.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра