29 Март, 2024
0.0238

Луѓето бегаа од моите ќерки поради Дауновиот синдром: Искрено со инфлуенсерката Сара Беро

Објавено во: Стил 21 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Не мораме да изгледаме како совршено семејство за да бидеме среќни, вели црногорката Сара Бeро, самохрана мајка на три деца. Приказната на Сара која отворено зборува за секојдневието со близначките Ирма и Илда (11) родени со Даунов синдром и нивната сестра Ина која има една година и седум месеци, го трогна целиот регион. Таа стана пример на многу жени кои будно ја следат на Инстаграм и ја поддржуваат во борбата нејзните близначки да имаат детство како и сите други. Сара живее во Подгорица, сама со трите ќерки, има своја фурна и се занимава со маркетинг.