19 Април, 2024
0.0276

Локално претпријатие должело 34 милиони евра, Владата превзеде повеќе од половина

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Со расформирањето на меѓуопштинското јавно претпријатие МЈП Проаква Струга, Владата превзеде нешто повеќе од половина од долгот кој со планот на поделба се испоставува дека целокупно изнесувал 34 милиони евра, односно неверојатни 2,045 милијарди денари за локална комунална организација.

Од објавениот планот за поделба,, може да се види дека ова претпријатие основано од општините Охрид и Струга се дели на три служби, од кои едното - РЕ Колектори Струга го превзема Владата под новоформираното државно претпријатие Колекторски систем основано на крајот од минатата година. Преостанатите две служби ЈП Водовод Охрид и ЈП Водовод и канализација Струга остануваат под општините.

Бројките кои до сега беа непознати покажуваат дека владиниот Колекторски систем превзема краткорочни и долгорочни обврски од 1,036 милијарди денари, или 17 милиони евра. Преостанатата сума, односно 430 и 580 милиони денари превземаат општина Охрид и општина Струга.

Колектроски систем добива дел од вработените и имот вреден 760 милиони денари. Владата преку новоформираното претпријатие го превзеде струшкиот колектор заради подобрување на контролата и функционирањето, како и негово унапредување. Во огласот се вели дека долгот во суштина не е толку висок.

„Побарувањата од 358.883.091 денари од поранешни интерни односи ќе се наплатуваат сукцесивно, според реализација на наплатата која претходно ќе ја остварат ЈП Водовод Охрид и ЈП Водовод и канализација Струга. Во вкупните обврски од 1.036.569.105 денари. е вклучен износ од 230.220.886 денари што всушност претставува обврска за одложен приход евидентирана во сметководството за државни поддршки и обелоденување на државна помош, за која не постои обврска за одлив на готовински средства“, објаснуваат од таму.

Претходно, „Проаква“ функционираше како меѓуопштинско претпријатие за снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадни и атмосферски води на двете општини, како и за заштита на Охридското Езеро.

Советот на Општина Охрид во октомври едногласно ги усвои одлуките за поделба на  „Проаква” и за склучување спогодба за присоединување на настанатите единици од Охрид и Струга кон новоформираното ЈП „Колекторски систем”.

Градоначалникот на Охрид Константин Геогиески минатиот месец кога се усвоија одлуките за разделба на „Проаква“ на три ентитети рече дека тоа е историска одлука, оценувајќи ја како инвестиција во иднината и демонстрација на грижа на државата за Охрид.

– Со формирањето на ова јавно претпријатие само оваа година значи дека државата инвестирала 500 милиони денари за раздолжување на нашиот град и дополнителни 800 милиони што ги презеде како долг на „Проаква”. Значи добивме една милијарда и 300 милиони денари инвестиција во подобар живот и иднина на Охрид – рече тој, истовремено оценувајќи дека таквиот потег на државата позитивно ќе влијае и врз процесот на раздолжување на општината.

Приоритетна дејност на ЈП Колекторски систем че биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици (колекторски системи) и нивно испуштање во реципиент за заштита на Охридското Езеро, како и планирање, изградба, реконструкција, рехабилитација на колекторскиот систем. Од своето тековно работење ќе собира и приходи, а за тоа има формирано и подружници, сектори и одделенија.

Владата минатиот месец даде согласност за  присоединување помеѓу Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП Проаква Струга (РЕ Колектор Струга), .

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините