25 Април, 2024
0.1374

Љупчо Николовски и Артан Груби главни „ѕвезди“ во преговорите викендов

Објавено во: Македонија 15 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Преговорите за формирање Влада продолжуваат викендов помеѓу генералните секретари на СДСМ и ДУИ - Љупчо Николовски и Артан Груби, откако во четвртокот претседателот на државата Стево Пендаровски му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Сега Заев има рок од дваесет дена од добивањето на мандатот за консултации за формирање нов состав на Влада.

Во меѓувреме ДУИ соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа.

– Потврдени се принципите врз кои ќе се заснова следната влада, и тие и беа соопштени на јавноста неколку пати. Се подготвуваме за следните чекори, како што се изработката за детална програма за работа и дефинирање предлози со соодветни, подготвени, чесни и способни кадри, информираат од ДУИ.

Според „Интегративците“, овој пристап ќе доведе до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници.

Николовски вчера категорично ја демантираше пласираната вест дека договорено е Насер Зибери да биде една година премиер, плус ДУИ да ги раководи Министерството за внатрешни работи и Управата за јавни приходи.

- Медиумската слобода е тука, но нека се користи на прав начин и за добро, не за ширење лажни вести за кликови и рејтинг. За подобро утре на сите нас, да бидеме сите малку попрофесионални во своите дејности, наведе Николовски во дел од својата реакција.

Тричасовна средба во четвртокот попладне, по врачувањето на мандатот, имаа лидерите на двете партии Али Ахмети и на СДСМ Заев, која беше оценета во заедничкото соопштение како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. На средбата присуствувале и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Во соопштението беше најавено дека разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари.


Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско