28 Март, 2024
0.0269

Листа на должници: Првиот должник ТЕ-ТО нема да и плаќа на УЈП

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber


Стои ли гасната централа ТЕ-ТО последен пат како најголем даночен должник на листата која еднаш месечно ја објавува Управата за јавни приходи. Последната е објавена во петокот и на неа ТЕ-ТО е прв најголем должник кон државата на која и должи вкупно 17,2 милиони евра и тоа по основ на данокот на добивка. Сепак на седница на Владата на 22 октомври донесена е одлука на која на ТЕ-ТО му се доделува државна помош и тоа во форма на одложување на плаќањето на данокот кон Управата. УЈП не се произнесе досега, но ТЕ-ТО најверојатно ќе се остане на листата ама за некоа време нема да треба да го плаќа данокот. 

Инаку одлуката предизвика силна реакција во јавноста особено затоа што ТЕ-ТО е фирма која е под сомнение дека предизвикала лажен стечај и под сомнеж за перење пари. Во моментов и Обвинителството за организиран криминал и корупција води истрага за предметот и е пред носење обвинителска одлука.

„Согласно Законот за државна помош Владата донесе одлука за одложување на плаќањето на даночниот долг. Станува збор за единствен објект кој произведува електрична енергија од природен гас, не влијае на загадувањето, допринесува за поголем БДП на државата како и за подобрување на енергетската сигурност. Во интерес на државата е објектот да работи без запирање, изјавија од Владата за Фактор.

Одлуката е донесена на 160 владина седница, а примерок од склучениот Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, во рок од 8 дена ќе се достави до Министерство за финансии и Управата за јавни приходи.

Управата за финансиска полиција во јуни година поднесе пријави до директорот, нотар и стечаен судија за случајот ТЕ-ТО за лажен стечај и перење пари. 

Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. Финансиската полиција потврди дека на ваков начин на Топлификација и е нанесена штета од над 720 милиони денари, а првичните реакции од Топлификација, акционер во ТЕ-ТО, сега се дека Владата е селективна. Тие прашуваат дали е вмешан и функционер во овој случај.  

Во текот на планот за реорганизација по стечајот на ТЕ-ТО, компанијата избриша 150 милиони евра од побарувањата на доверители кои после беа впишани како добивка. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон