25 Април, 2024
0.0421

МЕНУВАЊЕ НА ЛИЧНО ИМЕ: Колку често Македонците се решаваат на ваков чекор?

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Повеќе од 3.000 луѓе лани, и најмалку 1.000 оваа година поднеле барање во Министерството за внатрешни работи за промена на личното име.

Бројките од надлежните покажуваат дека во текот на 2019 година поднесени се вкупно 3.706 барања за промена на личното име, а во тековната 2020 година до 3 јули поднесени се вкупно 1,157 барања. Како дел од личното име, граѓаните можат да извршат промена на презимето и тоа се случува многу почесто.

„Личното име  (името и презимето ) е лично право на граѓанинот. Граѓанинот има право да го промени личното име, односно само името или презимето. Како најчести причини за промената на личното име (најчесто презимето) се промена на презиме по основ на склучен брак, промена на презиме по основ на развод на брак и други лични причини“, одговараат од МВР.

Граѓаните сведочат за бројни примери каде наши сограѓани одлучиле да го променат своето лично име затоа што не им се допаѓало, а многу од нив го промениле името и заминале да живеат во странство.

„Познавам маж кој го смени името затоа што не си го сакаше  и цел живот користел друго име при претставување. Тој го промени името и се исели од Македонија“, раскажува наша сограѓанка.

Луѓе од различни возрасни групи, различни професии решиле да го променат своето име.

Драгица Милошевска од Скопје вели дека кога им се родил внукот, сопругот добил желба да го промени своето име и да се вика исто како и внукот, но тоа сепак не го сторил.

„За името оправувам доколку некој сака да си го смени, но во презимето не треба да се чепка според мене затоа што тоа се корените, кои ги имаме со години, со векови“, вели таа.

Во согласност со Законот за лично име, нема да му се одобри промена на личното име, односно само на името и презимето на лице против кое се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или на лице кое е осудено за такво кривично дело, додека казната не е извршена или додека траат правните последици на осудата. Истото важи и за лице за кое ќе се утврди дека барањето го поднело заради одбегнување на со закон утврдени обврски.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија