ЛИДЕРОТ НА ДУЌАНЧИК ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Живее и работи во Дубаи
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024
Шеваљ Муареми лидер на криминалната група Дуќанџик, за кој полицијата има издадено потерница, живее и работи во Дубаи, каде екипата на КОД, разговараше со него.
За нив тој рече дека е невин, дека таму работи во фирма за компјутери а живее во вила со уште еден пријател од Албанија. Не сакал да говори пред камерите, но тврди дека е невин и дека надвор од државата бил шест месеци пред обвинителството да рапише потерница за него.
Таму веќе има лична карта која ја извадил во 2021 и која важела две години, а сега има нова со важност од пет години.
Фото: Принтскрин/Јутјуб/КОД