ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Од 1 јануари го зголемија минималецот
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2020
Луксембург e земја со највисока минимална плата во ЕУ.
Таа се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2.140 евра. Но, и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.
Паралелно со промената на индексот на плати на 1 јануари, забележано е зголемување и на бројните социјални приходи во Луксембург. Минималната плата за возрасно лице без квалификации пораснала од 2.090 евра на 2.140 евра.
Во оваа земја, минималната пензија е зголемена на 1.900 евра месечно.
Луксембург е земја каде работат многу Германици, Италијанци, Французи токму поради високите плати.