Лице во струшко ограбило и се обидело да силува странска државјанка
Објавено во: Македонија 11 Август, 2022
Едно лице нападнало и ограбило странска државјанка.
Во СВР Охрид, вчера околу 9.30 часот, 45-годишна странска државјанка со престој во струшко село пријавила дека на патот од селото Ложани до селото Биџево, струшко, едно лице ја нападнало, се обидело да изврши обљуба и ѝ одзело накит.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.