Либан остана без влада, сите си поднесоа оставка
Објавено во: Свет 10 Август, 2020
Падна либанската влада.
Либанската влада поднесе оставка, вели министерот за здравство Хамад Хасан.
Либанската влада падна за помалку од една недела по огромната експлозија во Бејрут. Во експлозијата загинаа повеќе од 200 луѓе. Експлозијата е причина и за неколкудневните насилни протести.
Тројца министри веќе поднесоа оставки, како и седум члена на парламентот.
Либан веќе страдаше од најголемата економска криза со децении.
Гувернерот на Бејрут, Марван Абоуд изјави дека во експлозијата во главниот град на Либан загинале 220 лица, а уште 110 се водат како исчезнати. Неколку илјади се повредени.