18 Април, 2024
0.0260

Левица во Собранието поднесе предлог Декларација за осуда на бугарскиот национал-шовинизам

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Левица денеска со двајцата пратеници Димитар Апасиев и Ворис Крмов до претседателот на Собранието доставија предлог Декларација во 10 точки за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии. Партијата очекува точките да бидат прифатени од сите пратеници во Законодавниот дом.

Во Декларацијата се бара да се отфрли „бугарскиот т.н. Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската унија и процесот на асоцијација и стабилизација (септември 2020) упатен од страна на официјална Софија до земјите-членки на ЕУ, како недоличен шовинистички акт кои ги урива добрососедските односи меѓу двете земји“

Во предлогот што се бара да биде прифатен стои дека „Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно, суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ“

Се бара од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да бидат поагилни, подржавнички и пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации 

Истото се бара и од претседателот Стево Пендаровски и од МАНУ, а во документот се очекува да се донесе „Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија“.

Се бара распуштање на билатералната комисија за историски и образовни прашања од македонско-бугарскиот Мешовит комитет, а Декларација откако ќе се изгласа под итно да се достави до ООН, Советот на Европа, ЕУ, ОБСЕ-ОДИХР, Европскиот парламент, до владите на сите полноправни земји-членки и земји-кандидатки за членство на ЕУ, како и до други сродни меѓународни организации и пријателски народи.

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат