17 Април, 2024
0.0956

Левица: Правда ќе има само со конфискација на нелегално стекнатиот имот на Мијалков

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Од Левица реагираат дека после фијаското со самопријавувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков во Обвинителството и скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев дека тој лично координирал со акцијата, како да е обвинител, а не премиер – денес беше изречена 12 години затворска казна за поранешниот директор на УБК. 

Од партијата наведуваат дека се работи за еден од најголемите криминали и злодела на претходниот режим, преку кој масовно беа нелегално прислушувани тогашни критичари на власта, вклучително и претседателот на Левица, Димитар Апасиев. 

„Со падот на тогашната власт, Сашо Мијалков продолжи да биде продолжена рака на новиот режим, директно учествувајќи во недемократските процеси на новата Влада, како што беше насилната промена на уставното име. Впрочем, семејните фирми на Мијалков неколкукратно ги зголемија своите профити преку државни тендери доделени токму од власта на СДСМ.  И покрај помпезните изјави на власта дека со оваа одлука правдата е задоволена, политичката пракса во Македонија го покажува спротивното. Впрочем, денеска како главен преговарач со Бугарија и ревизор на учебници е поранешен премиер кој беше осуден на три години затвор, пресуда која никогаш не стапи на сила. Да не заборавиме дека токму денешниот премиер на Македонија е аболицирано лице, додека пак како амбасадор во САД е испратен Фрчковски – лице со кое се врзуваат многу скандали и контроверзии, особено од времето кога токму тој беше Министер за внатрешни работи при што се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, случај кој никогаш не беше расчистен. И на крај, разните случаи на бегство и застарување на делата, како што е случајот токму со премиерот од претходниот режим Груевски, остава голем сомнеж дека и во овој случај ќе се создадат слични околности кои ќе значат прикриена амнестија на криминалецот или негова привилегирана положба на „издржување“ на казната“, соопштуваат од Левица. 

Додаваат дека за да правдата  биде задоволена, потребно е спроведување на конфискација, односно како што предвидува член 97 од Кривичниот законик: „Од сторителот ќе се конфискува имотната корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари, подвижни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост…, а ако нивната конфискација не е можна на сторителот ќе му се конфискува друг имот што одговара на прибавената имотна корист. Имотната корист се конфискува и од трети лица на кои е пренесена без соодветен надоместок, ако не знаеле, а можеле или биле должни да знаат дека е прибавена со кривично дело.”

Велат дека Мијалков ја злоупотреби својата политичка моќ, преку која прибави огромна економска корист и политичко влијание при што постана еден од најбогатите олигарси во државата. Сметаат дека не е доволно да се лиши Мијалков од слобода, туку нужно потребно е истиот да се лиши од плодовите на неговите криминални дејствија. 

Мијалков денеска е осуден на 12 години затвор во случајот „Таргет - Тврдина“ за нелегалното прислушување. 

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта