22 Јануари, 2025
0.0307

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

Објавено во: Економија 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Од Левица остро се спротивставија на предлогот на Фискалниот совет, старосната граница за пензионирање да се зголеми на 67 години. 

Велат дека власта наместо да го подобри стандардот на пензионерите, го прави обратното. 

Владата предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо да креира политики за зголемување и подобрување на пензионерскиот стандард - истата работи против интересите на идните пензионери! Загрижувачки се информациите дека Владата, по препорака на  Фискалниот совет, има намера да ја зголеми границата за пензионирање на 67 години. Македонија со години се соочува со одлевање на млада и работоспособна сила која поради погрешните трудови политики, приоретизирањето на останати критериуми како етничката припадност, наместо стручноста и компетентноста; поради ниските плати; повредите на работничките права - сѐ повеќе ја бараат среќата вон државата. Ваквите политики коишто Владата има намера да ги преземе, не само што нема да ги задржат младите тука, туку истите, дополнително, ќе стимулираат нивно отселување надвор од државата“, изјави координаторката на Програмскиот сектор Социјала при Политичката партија  Левица,  Катерина Јовановска. 

Левица е категорично против зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

„Нашиот став е јасен и непроменлив: Старосната граница за пензионирање треба да се намали на 60 години за жени и 62 години за мажи. Исто така, предлагаме да се утврди минимална пензија и изградба на дополнителни старечки домови. Бидејќи изговорот со кој Фискалниот совет ги предлага овие мерки се надминување на финансискиот јаз и дупка во ПИОМ, ѝ препорачуваме на Владата теретот за лошата ликвидна состојба на ПИОМ да не го префрла врз пензионерите, туку да направи итна ревизија на финансиското работење за ПИОМ, да ги уапси криминогените структури коишто работеа со Фондот и во иднина да креира домаќинско работење на истиот. Левица ќе се спротистави на спроведувањето на ваквите погрешни политики и нема да дозволиме зголемување на старосната граница за одење во пензија!“, вели Јовановска. 

Додава дека пензионерите заслужуваат подобар и достоинствен живот. 

Можеби ќе ве интересира

А ШТО ВЕЛИ КИНА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? „Ќе ги браниме националните интереси“

А ШТО ВЕЛИ КИНА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? „Ќе ги браниме националните интереси“

ГОТОВО Е: Трамп ќе воведе царини за ЕУ, вели дека унијата е многу лоша за САД

ГОТОВО Е: Трамп ќе воведе царини за ЕУ, вели дека унијата е многу лоша за САД

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО СИСТЕМОТ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ДА БИДАТ ПОСИЛНИ ВО СВЕТОТ: Мицкоски се сретна со Пејкоф, Македонец основач на компанија во САД

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО СИСТЕМОТ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ДА БИДАТ ПОСИЛНИ ВО СВЕТОТ: Мицкоски се сретна со Пејкоф, Македонец основач на компанија во САД

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

„БАЈДЕН ПАДНА НА ИСПИТОТ“: Експертите го кажаа своето, Америка има долг од 36 трилиони долари - Што остави поранешниот претседател?

„БАЈДЕН ПАДНА НА ИСПИТОТ“: Експертите го кажаа своето, Америка има долг од 36 трилиони долари - Што остави поранешниот претседател?

НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема

НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема