Летово половина од Грците нема да одат на одмор, ги загрижуваат поскапувањата и односите со Турција
Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2022
Aнкета покажа дека половина од Грците летово нема да одат на одмор.
51,6 отсто летово нема да заминат на годишен одмор, наспроти 45,3 отсто кои ќе одат на одмор, според резултатите од вториот дел од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Од оние кои планираат одмор годинава, 6,5 отсто одговориле дека ќе останат повеќе денови од лани, 16,5 проценти, помалку денови, а за 22,3 отсто од анкетираните, одморот ќе трае исто како и минатата година.
Но, грчките граѓани имаат и други грижи. За 85,3 отсто од Грците, поскапувањата на цените се најголем проблем, а во грчко- турските односи, 52,1 отсто одговориле дека е сигурно или веројатно можно летово да има некаков инцидент во Егејското море, а 45,3 проценти оцениле дека не е многу/воопшто веројатно.
Во меѓувреме, на повеќето грчки острови порасна бројот на заразени со коронавирусот.
foto freepik.com