29 Март, 2024
0.0233

Летонија ја лансираше првата 5G прекугранична тест локација во Европа

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Летонскиот мобилен оператор Latvijas Mobilais Telefons (LMT) постави тест локација за иновации на 5G мобилната мрежа, на тркачката патека Бикерниеки во главниот град Рига.

Локацијата претставува прв прекуграничен симулациски простор за мобилност во Европа, а планот е да се искористат 5G мрежите на летонскиот оператор LMT и естонскиот Telia за да се имитира целосно функционална меѓународна конекција.

Новолансираната 5G мобилна локација веќе го покажа својот прв случај на употреба - на 20 август, 2021 година беше спроведена симулација на возила со далечинско управување преку 5G мрежата на LMT од градот Цесис, оддалечен 80 километри, соопшти компанијата.

Според соопштението за медиуми на мобилниот телекомуникациски оператор, тест-локацијата е дел од проектот 5G-Routes, меѓународен напор да се обезбеди прекугранична автоматизирана мобилност, како и да се развијат и демонстрираат неколку случаи на употреба на 5G-Routes проектот.

Проектот 5G-Routes, со конзорциум составен од 21 партнер, започна со работа на 1 септември, 2020 година. Проектот има за цел да ги потврди 5G теренските испитувања на „Via Baltic North“ прекуграничниот 5G коридор, што се протега до границите на три земји на ЕУ - Финска, Естонија и Летонија. Поради тоа, членовите на конзорциумот на проектот тесно соработуваат за да обезбедат успешен развој на целите на 5G-Routes, се вели во соопштението.

Во рамките на проектот 5G-Routes, LMT ја координира имплементацијата на 5G инфраструктурата низ полигоните за тестирање на трите земји, во соработка со партнерите на 5G-Routes како што се Ericsson, Telia и други. Покрај тоа, летонскиот  мобилен оператот е одговорен за обезбедување непречено поврзување на мобилната мрежа во прекуграничниот 5G коридор.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија