24 Април, 2024
0.0393

„Ленка“ бојкотира, но бара набљудувачи „против референдумски фалсификат“

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Левичарската организација „Ленка“, блиска до партијата Левица, бара набљудувачи за референдумот на 30 септември кои треба да ги пријави во ДИК до 24 септември. Иако „Ленка“ не го признава референдумот и Спогодбата од Преспа и истиот ќе го бојкотира, оттаму велат дека повикот за набљудувачи е со цел да се контролира на самите гласачки единици да нема евентуален референдумски фалсификат.

Од таму велат дека не веруваат во другите домашни и странски организации кои ќе набљудуваат, затоа што, како што велат од таму, и тие самите агитираат за успех на референдумското прашање.

„Граѓани на Република Македонија, работници, млади и стари, исполнете ја својата граѓанска должност пред Република Македонија, и пријавете се за набљудувачи, овластени од  ДСП ЛЕНКА, за престојниот референдум. Набљудувач може да биде секој жител на РМ со право на глас, подготвен непристрасно да го набљудува референдумскиот процес.

Да не дозволиме манипулации со нашите гласови! Доста беа кражби и наместени резултати! Неопходно е да го набљудуваме референдумот на 30 септември!

Податоци со кои се пријавувате за набљудувач се: име и презиме, матичен број, број на Лична Карта, општина и место на живеење и контакт телефон“, се вели во повикот на „Ленка“.

Истиот веднаш беше поздравен од Димитар Апасиев, еден од преводниците на Левица, кој жестоко се противи на самото распишување на референдумот и е приклучен во движењето „Бојкотирам“

- Не им веруваме на Civil MK, Мост, Хелсиншки и остала подмитена агит-проп енџиовштина - другарите од Движењето за социјална правда „Ленка“ упатуваат ЈАВЕН ПОВИК до сите полнолетни граѓани на РМ да се пријават за набљудувачи на претстојниот референдум, кои ќе бидат официјално акредитирани од ДИК. Не дозволувај фалсификат! Пријави се! (Рокот е во следниве три дена) - напиша Апасиев на Фејсбук.

Истото го стори и уште еден истакнат член на „Бојкотирам“, професорката Билјана Ванковска, која порача што е можно повеќе набљудувачи да се пријават.

- И ова е начин да не се дозволи да не’ продадат! Пријавувајте се, бидејќи другите НВО се како во приказната за кадија те тужи, кадија те суди - ем агитираат, ем божем набљудуваат регуларност!, објави статус Ванковска.


Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција