19 Април, 2024
0.0263

Ленин Јовановски: Сѐ што поседувам сакам да биде во „екстра ларџ“ варијанта - мотори, џипови, куќи, површини, предмети...

Објавено во: Стил 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Припишувањето на контроверзноста и нејзините пројави, својства на учесникот во денешниот разговор уште повеќе нѐ мотивира да помуабетиме со него, да ги чуеме неговите размислувања, ставови по различни прашања, теми, без оглед на водечката - љубовта кон мотоциклите, „танцувањето на две тркала по асфалтот“, групното возење на подалечни релации... Политизирањето не ни е карактеристика, но беше неминовно да го прашаме и за моменталната ситуација во Македонија и за иднината, стравувањата за неа - оправдано. Бунтовничкиот дух (темперамент) можеби е една од битните одлики на магистерот по криминологија, по бизнис и менаџмент и докторанд (темата на докторската дисертација е банкарското работење и финансиите) - Ленин Јовановски, заедно со благиот нарав. И доблеста.

Страсниот моторџија инаку е автор на книгата „Влијанието на организираниот криминал врз меѓународната безбедност и меѓународните односи“, а на книгата „Тероризам“ се потпишува како соавтор. Градскиот сообраќај е вусшност неговиот фах, поле на дејност - конкретно, автобускиот превоз. И угостителството, како партнер во кафулето „Ван Гог“.

Согласно порталната концепција и понеделничката рубрика, целта на овој лаф-муабет е иста како на другите, останатите - да ве разоноди. Независно од тоа што е лавовски, поради храброста на соговорникот.

Целиот текст на Машки магазин. 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре