ЛЕГНАА 30 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНАРИТЕ - тие што немаат картички парите ќе ги земаат по азбучен ред
Објавено во: Финансии 18 Април, 2020
Државата денеска исплати над 30 милиони евра земјоделски субвенции, објави Трајан Димковски, министер за земјоделство. Тие се наменети за 19.050 тутунопроизводители за реколтата 2019. Сите ќе ги добијат парите на своите трансакциски сметки.
„Повеќе министерства подготвија соодветен модел за начинот на исплатата. Со цел да не се создаваат гужви во банките, сега кога се очекува достогнување на пикот од КОВИД-19, подигнувањето на субвенциите за оние што немаат платежни картички ќе се одвива во четири последователни денови, почнувајќи од 21 април, вторник, закчучно со 25 април, петок. За секој од овие 4 дена е направен распоред по азбучен ред, согласно презимињата на граѓаните и фирмите“, нагласи Димковски.
Оние кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што МВР ќе има список според азбучниот ред.
Секој што ги исполнува условите ќе добие субвенции, а производителите да се придружуваат до препораките, порача министерот за земјоделство.