29 Ноември, 2020
0.0498

(ВИДЕО) Лазарев: Коронавирус-епидемија на 21 век или проект на фармацевтски компании?

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2020

Сергеј Николајевиќ Лазарев е руски психолог, научник, духовник и исцелител. Тој неодамна е вратен од Кина, каде коронавирусот првично зема замав и однесе во смрт над 2000 луѓе.

Лазарев пред неколку дена ја коментираше појавата на коронавирусот притоа одговарајќи на прашањата на читател меѓу кои :

„Зошто вирусот е под знак прашалник?“ , Зошто се крена толкава галама во целиот свет?, Колку заработиле фармацевтските компании од претходната епидемија на грип?,  Зошто избувна епидемијата баш во Кина? Кој е феноменот на кинеската економија?,  Што е информативна војна? Како изгледа моралното распаѓање? Како е уништено стратешкото размислување на кинескиот народ? и уште неколку други на кои одговорот ќе може да го погледнете сами во видеото ставено на Јутјуб каналот на Лазарев а ќе го најдете на крајот од оваа статија.

* Колку е сериозна ситуацијата? Можеби се преувеличува или ублажува? Дали тоа е можеби некој знак за кинескиот народ, држава, или цела цивилизација. Ако е така, мошне интересно е зошто баш Кина, а не САД или Европа? - го прашува читателот Лазарев...

-Овде постојат многу верзии. Јас слушнав дека политолозите говорат дека во Америка исто така владее епидемијата но тоа не се открива и дека има повеќе заболени и починати. Но ако се потпреме на официјалната верзија, тоа дури не е ниту епидемија, вели Лазарев, прашувајќи го читателот дали го гледал филмот за корона вирусот во кој доктор Бондаров зборува за тоа што е епидемија и зошто сегашниот вирус е под знак прашалник. Кога добива одговор од читателот дека не го гледал филмот и дека не знае за што се работи, Лазарев продолжува:

-Значи вирус на грип се смета за епидемија кога бројот на заболени се зголеми за 20 - 30% . т.е. постојат просечни бројки а доколку дојде до зголемување за 20-30% тоа може да се смета за епидемија.

Овде динамиката е пониска од онаа која можеме да ја означиме како епидемија . Прашањето е зошто се тоа предизвика толку голема паника во цел свет-додава Лазарев.

Тој посочува дека овде не се во прашање толку медицинските проблеми, колку што се проблемите на бизнисот и политиката, бидејќи , пресметано со паниката во цел свет, на економијата може да и се нанесе огромна штета. Во случајот - на кинеската. На пример, на Америка не и е неопходно да војува со Кина, туку со помош на интелигентна кампања која ќе предизвика страв кај сите жители на Земјата, и може да ја уништи економијата и на најсилните држави.

На пример. дали знаете колку заработија фармацевтските компании на претходната епидемија на грип? Од птичјиот грип? - Некаде околу 2,5 - 3 милијарди долари-вели Лазарев, додавајќи колкави би биле тие бројки доколку би знаеле однапред. 

-Тогаш тоа е гарантирана заработка. Затоа кога зборуваат дека можеби Америка го уфрлила тој вирус во Кина ,најверојатно тоа го направиле фармацевтските компании, тие се повеќе заинтересирани за тоа-образложува научникот и психолог од Русија.

Тој вели дека тоа апсолутно е бизнис проект, одговарајќи на прашањето на читателот.

Сепак, Лазарев вели да се остават на страна сите теории на завера. Вели дека тоа може да биде масло и на фармацевтски компании и некои земји кои од тоа имаат корист а може и да е природна појава.

Ако се погледне тој вирус од природна гледна точка, тогаш најопасната епидемија која се случила, многу раширила била познатата шпанска грозница. Околу 100 милиони луѓе починале а повеќе од 500 милиони заболеле. Тоа е реална епидемија при што основна причина на смртноста била во белите дробови. Овде сликата е слична, грип со проблеми во респираторниот систем-смета Лазарев.

Сите одговори на прашањата за кои споменавме погоре може да ги погледнете сами во видеото:



Можеби ќе ве интересира

Првите дози на Фајзер пристигнаа од Белгија во САД

Првите дози на Фајзер пристигнаа од Белгија во САД

Познат имотот кој ќе се дели по смртта на Марадона

Познат имотот кој ќе се дели по смртта на Марадона

РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Ако короната се прошири во Северна Кореја тоа ќе биде фатално

РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Ако короната се прошири во Северна Кореја тоа ќе биде фатално

ИМА ЗАРАЗЕНИ ДЕЦА: Норовирус се шири во Кина

ИМА ЗАРАЗЕНИ ДЕЦА: Норовирус се шири во Кина

МАЛКУ ЌЕ ВЕ БОЛИ РАКАТА, А МОЖЕН Е И ЗАМОР И ГЛАВОБОЛКА - еве кои се малите несакани ефекти од вакцините против ковид

МАЛКУ ЌЕ ВЕ БОЛИ РАКАТА, А МОЖЕН Е И ЗАМОР И ГЛАВОБОЛКА - еве кои се малите несакани ефекти од вакцините против ковид

Марадона погребан само пред 200 луѓе, а еве само кои можеа да присуствуваат на приватната церемонија

Марадона погребан само пред 200 луѓе, а еве само кои можеа да присуствуваат на приватната церемонија

Војници на Азербејџан ги уништуваат ерменските гробишта

Војници на Азербејџан ги уништуваат ерменските гробишта

ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА ДРУГ ВИРУС: Германски лекар предупредува на нова опасност

ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА ДРУГ ВИРУС: Германски лекар предупредува на нова опасност

(ВО ЖИВО) Илјадници Аргентинци на последен поздрав со Марадона

(ВО ЖИВО) Илјадници Аргентинци на последен поздрав со Марадона