08 Декември, 2024
0.0281

ЛАВРОВ ВЕЛИ ДЕКА САД САКА ДА ЈА ОСЛАБНЕ РУСИЈА: Доаѓањето на Трамп нема да смени ништо во украинската криза

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“ изјави дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД нема да го промени односот кон украинската криза, затоа што вели дека Вашингтон сака да ги држи работите под своја контрола.

„Основниот став на Вашингтон кон украинските, па дури и европските прашања нема да се промени во смисла дека Вашингтон секогаш ќе се обидува да држи под своја контрола сè што се случува во областа околу НАТО и самиот НАТО. А Европската Унија е исто што и НАТО во воено-политичка смисла. Како тоа ќе се направи, како тие го замислуваат спроведувањето на нивните контролни функции во нови услови – тоа може да се направи на различни начини. Не се осмелувам да погодувам. Но, не се сомневам дека тие процеси ќе сакаат да ги држат под своја контрола“, рече министерот.

Тој додаде дека предлозите за замрзнување на конфликтот во Украина по линијата на воен контакт се истите договори од Минск во новиот пакет, а уште полоши.

„Сега некои почнаа потрезно да гледаат на конкретната украинска ситуација и да велат: „Изгубеното не може да се врати, ајде некако да го замрзнеме“. Не е важно што предлагаат дури и оние кои сега се обидуваат да бидат претставени како оние кои радикално го менуваат својот став и сакаат да ја прекинат војната – тие сепак велат „ајде да имаме примирје на контактната линија 10 години, а потоа ќе видиме’. Тоа се истите договори од Минск во нов пакет. Уште полошо“, објасни тој.

Лавров вели дека секоја американска администрација сака да ја ослабне Русија и рускиот свет и да ја потисне Русија како конкурент.

Трамп велеше дека кога ќе дојде на власт, за 24 часа ќе ја запре војната во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост