Лавров вели дека САД го минираа сирискиот мировен процес
Објавено во: Свет 20 Април, 2018
Со нападите што САД ги изведоа во Сирија во саботата заедно со Велика Британија и Франција, му нанесоа штети на сирискиот мировен процес, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Тој нагласи дека по неодманешната средба на претседателите на Русија, Турција и Иран процесот се доближил до обнова на мировните преговори. Но, таа можност пропадна по нападите, нагласи Лавров.
„На 14 април во Сирија не беа бомбардирани само измислени хемиски објекти, туку и преговорите во Женава“– изјави Лавров.
Пратеникот на ОН за Сирија, Стафан Де Миструра, од своја страна, повика на намалување на тензиите во Сирија.
„Неопходна е не само воена, туку и политича деескалација. Се надевам дека тоа ќе биде можно со нови разговори“ – додаде Де Мистура.
Тој вели дека ОН се залагаат инспекторите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) да ја завршат својата работа во сирискиот град Дума, за каде постои сомнеж дека на 7 април е извршен хемиски напад.
ОН се залагаат инспекторите да го истражат „местото на хемискиот напад“, што е можно побрзо и без никакво попречување.