25 Април, 2024
0.0355

Лаф-муабет со Феркан Бербери: Скопје важеше за синоним на квалитетен ноќен живот, но во последно време не е веќе така

Објавено во: Стил 04 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Во угостителството е одамна, уште како млад. Имено, неговата генеза, т.е. потеклото на Феркан Бербери се врзува директно за некогашните градски еснафлии кои тука, во Грција, Турција и во бивша Југославија биле угледни, реномирани, почитувани. Феки, така го викаат нагалено, ѝ припаѓа на третата генерација угостители во фамилијата. Исто како неговите претходници, се истакнува со високи квалификации во смисла на добро, професионално работење, квалитетно и без импровизации. 

Патем, несебично го пренесува знаењето на секој што сака, намерава да се занимава со ресторанска дејност или, евентуално, да се преквалификува. Со него разговарав опуштено, а темите ги усогласив со рубриката и концептот на порталот, како и секојпат. Доминантна беше вообичаената за „Машки магазин“ - стилот на работа, облекување и уште повеќе, на пример елитизмот, а ги теметизиравме и моралните вредности, како и придобивките на угостителството.

Анегдотски ми раскажа и за познатиот естраден уметник од Србија - Владо Георгиев и случката со него, за време на престојот во Скопје. Интересно, вистинито.   

Вашето име, односно прекарот Феки најчесто се поврзува со неколку ресторани, барови, т.е. угостителски објекти во метрополата, но и надвор. Исто така Ве опишуваат и како вистински професионалец. Што мислите, дали професионализмот е доминантен во ресторанската дејност или последните години се променија нештата, односно надвладеа спротивниот - аматеризмот? Фактот дека го има секаде, во сите домени, е неоспорен. Па, можете ли да ни доловите, каква е ситуацијата во угостителството денес?   

Бербери: Со сигурност можам да кажам дека целиот мој живот е поврзан со угостителството.Уште во младоста,првин кај татко ми како вработен и подоцна - самостојно, како основач на повеќе угостителски објекти, на пример „Волф“ во ГТЦ, „Стејџ“ во Рамстор Мол, „Венеција кафе“ во Буњаковец,летниот клуб „Градиште“ во Охрид,„ФМ кафе“ во Сити галери,„Венето“ во Сити Мол,„Венеција урбан бар&кичен“.., кои, и покрај долгите години, некои од нив сѐуште постојат и егзистираат.Но, за жал, под влијание на повеќе фактори, состојбата во угостителствотово последно време е далеку од професионална и успешна. Секоја година е сѐ полоша и полоша од претходната.

Сигурно дека вирусната пандемија, економската состојба и оружените судири ја погодија ресторанската дејност. Но, луѓето им пркосат, дефинитивно. Кога се излегувањата во прашање и кулинарството, гастрономијата секако, впечетокот е инаков. За што се работи - бегање од грубата реалност или друго, на пример задоволство, ќеф или, пак, во крвта им е уживањето на Македонците во традиционалните и деликатесите однадвор, музиката..? Всушност, дали Македонците важат за големи мераклии?   

Бербери: Традицијата,љубовта кон квалитетната храна и музиката нѐ правеа големи љубители, уживатели во угостителските услуги,меѓутоа и добри домаќини и организатори на ноќниот живот.Но, како што напоменав претходно,повеќе фактори влијаат на лошите состојби во угостителството.Лошата перцепција и односот на институциите на државата кон овој сектор,пандемијата,недостатокот на доволен број стручни кадри, импровизацијата,економската ситуација во државава, како и сегашната војна, имаат огромен притисок и влијаат на падот на туризмот и угостителството во државава, иако надворешно за другите не изгледа така.Секако дека Македонија сѐуште има добри ресторани и угостителски објекти со одлична храна и со квалитетна понуда,но сите фактори што ги наведов претходно имаат лошо влијание на нивниот опстанок. Скопје во изминатиот период важеше за синоним на квалитетен ноќен живот, но во последно време не е веќе така.

Ѝ припаѓате на третата генерација угостители во семејството. Ќе ни кажете ли повеќе за ресторанската дејност на предците, за еснафството на пример? Или, еве, на што Ве научија тие, на кои вредности? Дали постои генерациски јаз кога се угостителството и еснафлиите (градските) во прашање? Се разбира, во Македонија. И целото Ваше образование, всушност, е врзано за оваа дејност.   

Бербери: Мојата генеза со угостителството е огромна -двајцата дедовци угостители и хотелиери тука,во соседна Грција,во Турција,мојот чичко долги години беше генерален директор на најголемото угостителско претпријатие „Меркез“ во времето на поранешна Југославија.Можам со гордост да кажам дека потекнувам од еснафска угостителска фамилија која со многу посветеност,љубов кон овој сектор и труд, остави силен печат и траг во македонското угостителство, но и лично на мене.Огромна е разликата меѓу тогашните еснафи и сегашниве бизнисмени.Сегашниве бизнисмени се како шумлива таблета, малку „вода“ или проблем и,веќе ги нема!Секако, за разлика од еснафот кој важеше за силен фактор за развој на бизнисот и општеството.Едноставно им се слушал и важел зборот. И делата, се разбира.Сето тоа ме натерада ја продолжам таа генеза и своето образование да го посветам на угостителството.Ѝ припаѓав на првата генерација во новото средно училиште „Лазар Танев“ во населбата Козле, бев ученик на врвни македонски и балкански гастрономски мајстори,практикант на големи хотелско-угостителски капацитети, како што се хотелите „Континентал“ и „Гранд“ (сегашен „Холидеј Ин“) во Скопје, „Интерконтинентал“ и „ Југославија“ во Белград, „Гранд“ во Сараево и многу други.Сето тоа ме зароби да бидам вљубеник во оваа дејност и, покрај сите подеми и падови, да не се откажувам и храбро да се борам напред.

Целото интервју на Машки магазин овде


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган