29 Март, 2024
0.0245

Лабораторија од Германија ја демантираше претпоставката за ГМО во кочански ориз

Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Суперанализите на две мостри кои беа испратени на лабораториска проверка во Германија се покажаа како негативни, со што се демантираат наодите на Дрѓавниот инспекторат за земјоделство дека е можно ГМО во ориз во Кочани. Откако ситуацијата се смири, производителите велат дека нема да има претрпени штети од ова недоразбирање.

Сепак, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече казна за операторот кај кого беше пронајден сомнителниот ориз, бидејќи тој не побарал да се направи суперанализа, така што парите за казната нема да му бидат вратени.

Во минатото исто така имаше наоди дека можеби постои ГМО во примерок пченка за пуканки, но и тој случај не беше потврден од суперанализата на лабораторија во странство. Така, до сега имало само сомнение но не и потврда.

АХВ минатиот месец до Владата достави предлог-правилник  за ГМО храна, кој доколку се усвои ќе се дозволи продажба на храна со минимални модификации.


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи