20 Април, 2024
0.0268

Кузмановиќ: Vivo смартфоните во Македонија ќе донесат квалитет и долгорочна поддршка на корисниците

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Vivo официјално влегува на македонскиот пазар со квалитетни смартфони со напредна технологија и голем избор на модели за секој корисник. Станува збор за бренд кој трпеливо го гради своето портфолио и целосно се потпира на сопствено истражување и развој, како и производство што гарантира исполнување на највисоките стандарди.

За љубителите на технологија брендот Vivo е добро познат поради одличните оценки кои ги добива на рецензиите, но овие модели не беа лесно да се набават во Македонија. Сега тоа целосно се менува што е одличен момент за корисниците кои ќе имаат поголем избор и опции кога ќе купуваат нов смартфон.

Направи го најдоброто на правилен начин

За плановите на брендот разговаравме со Душан Кузмановиќ директор за продажба во Vivo Balkans. Кузмановиќ открива дека Vivo размислува долгорочно што се должи на долгата историја на компанијата во сопствен истражување и развој и гарантирање на квалитетот.

„Ние се раководиме според кинеската „бен фен“ филозофија која вели - направи го најдоброто на правилен начин. Затоа фокусирани сме на истражување и развој, имаме десет такви центри насекаде, поседуваме над 3.000 патенти за 5Г, како и седум производствени центри од кои еден е во Турција. Имаме капацитет да произведеме до 200 милиони телефони годишно, а притоа применуваме строга контрола на квалитет и издржливост“, објаснува Кузмановиќ за основните принципи на кои работи Vivo. 

Vivo има над 400 милиони корисници низ светот, и е број 5 смартфон бренд според аналитичката куќа Каналис, а во последните неколку години го започнува големиот пробив на европскиот пазар, најпрво во неколку земји од Западна Евроа, а сега и на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.

„Стануваме препознатливи со нашето партнерство со Carl Zeiss за оптика и камери, а сме и генерални спонзори на европско и светско првенство во фудбал и уште многу други големи спортски натпреварувања. На македонскиот пазар приоритет ни е соработката со мрежата на дистрибутери како и мобилните оператори, па така наскоро нашите смартфони ќе може да ги најдете во пошироката продажба“, посочува Кузмановиќ.

Смартфон за секој корисник

Vivo располага со повеќе серии смартфони во различни ценовни категории со фокус на различни елементи од хардверот, од квалитетни селфи камери, издржливи батерии, до врвни перформанси.

Vivo ја применува страгегијата на баланс на перформанси и цени, што значи дека во секоја класа има одличен модел кој има и за нијанса подобар хардвер од конкурентите, а притоа се продава по прифатливи цени.

„Во однос на квалитетот нашите цени се многу конкурентни, а квалитетот, издржливоста и сигурноста се најдобар показател за довербата на корисниците кои знаат дека инвестицијата во уредот ќе им се исплати на долг рок“, смета Кузмановиќ.

Во флегшип серијата фокус е камерата, перформансите на самиот телефон кои се на највисоко ниво, во средната класа е работната меморија и просторот за складирање податоци, како и издрливоста на батеријата.

За привлекување на нови корисници, Кузмановиќ смета дека улога ќе одигра и 5Г технологијата која е препознатлив симбол на Vivo.

„Нашиот пристап секаде во светот вклучувајќи ја и Македонија е да не се споредуваме со другите брендови, туку да се фокусираме на нашиот бренд, на самите нас. Се што правиме го правиме на правилен начин. Пазарот на смартфони е еден од најдинамичните и постојано се менува. Таа трка постојано доживува осцилации. Гледано долгорочно наш приоритет е да понудиме квалитет и услуги кои им се потребни на корисниците и може да ги исполнат сите нивни побарувања за модерна мобилна технологија“, вели Кузмановиќ.

Долгорочна Android софтверска поддршка

Во однос на Android оперативниот систем, Vivo нуди долгорочна корисничка поддршка и редовни и постојани надградби на софтверот.

Без оглед дали уредот чини 150 или 700 евра корисниците ќе добијат најмалку две надградби на следната верзија на оперативниот систем, а премиум моделите три големи надгради на софтверот благодарение на сигурното партнерство со Google.

„Во прилог на тоа оди и нашиот Центар за вештачка интелигенција лоциран во Сан Диего во Силициумската долина во Калифорнија. Наша предност е што нудиме оригинално Android искуство, без дополнителен „bloatware“ кој го оптоварува уредот, и без непотребни однапред инсталирани апликации“, дополнува Кузмановиќ.

Vivo во Македонија

Кога доаѓа нов светски бренд на пазар како Македонија секако дека постои голема љубопитност што се може да понуди, по кои цени, со кои производи. Vivo е исто така освежување во смартфон конкуренцијата бидејќи со нивните модели ќе се зголеми значително изборот на корисниците.

Како што вели Кузмановиќ не се споредуваат со другите брендови и се посветени на сопствената стратегија и сметаат дека тоа ќе биде препознаено од корисниците. Нас не интересираше и дали планираат директна продажба во Македонија.

„Засега е уште рано за брендирана продавница, таква засега постои само во Кина. Ние се потпираме претежно на партнерите во дистрибутивната мрежа, додека пак во однос на сервисот не очекуваме никакви проблеми. Показател за квалитетот и издржливоста на нашите уреди е што постигнавме под 0,23 отсто пријавени уреди за сервис што е одлично достигнување“, заклучува Кузмановиќ.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!