Курти смета дека обединувањето со Албанија може да доведе до Трета балканска војна
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2021
Референдум за обединување со Албанија, но не по цена на граѓанска војна, порачува лидерот за самоопределување Албин Курти.
Тој изјави денеска дека е за референдум за обединување, но не и ако тоа доведе до Трета балканска војна. Курти за Оксфордскиот политички весник изјави дека може да се постигне конечен договор со Србија.
Тој посочи дека Белград не треба да се идентификува со Слободан Милошевиќ и да жали за загубата на Косово и тврди дека е подготвен да ги сослуша сите потреби и барања на Србите од Косово.
Европската Комисија и САД го опоменаа екс премиерот Рамуш Харадинај за оваа идеја за обединување.