КУРТИ: Настанот на скопскиот аеродром беше тешко искуство за Вјоса Османи, која беше со двете ќерки
Објавено во: Македонија 05 Август, 2024
Kосовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека официјалниот извештај ќе го расветли инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром за никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации.
„Настанот на 2 август на скопскиот аеродром несомнено беше доживеано и тешко искуство за претседателот на Република Косово Вјоса Османи Садриу, која беше со семејството и двете мали ќерки. Органите на Северна Македонија, државниците изразија жалење за случајот и ќе има официјален извештај кој ќе го расветли ова прашање во целост и во детали за да разбереме што точно се случило, но и да не ни се повторат никогаш повеќе вакви ситуации“, рече Курти.
Дека се работело за провокација, рече дека тоа не е официјален став на косовските институции.
Шефот на обезбедувањето на собранискиот претседател Африм Гаши, Сабедин Синани, доби кривична пријава и суспензија од работното место за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кој се случи пред неколку дена.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски